1. Жалонсо, наполно заслужена победа и тоа на начин кој мене ми е у принцип омилен: тактички. Потегот на почетокот на трката во тандем со Маса - феноменален! Не знам дали им беше навежбано или така им искочи на шашма, но во секој случај атрактивно. Би требало да влезе во некоја замислена топ 10 листа на најатрактивни потези во ф1 за 2013.
2. Рајко, го усра стартот но на крај во свој „што ве ебам“ стил успеа по трновит пат да се врати на втората позиција. Штета за стартот - во минатото беше познат како извонреден стартувач (школа на Хакинен, читав некаде дека токму со него работел на стартовите на времето кога возеше во Мекларен).
3. Хамилтон, уште на почетокот на трката направи мини-вовче што беше индикатор дека е поспор од другите. Токму затоа, неговиот подиум е голем успех.
Honorable mention: Петел. Од кое место тргна... а на крај се бореше за подиум. Бравос.