Mногу нормално,бидејќи Мекларен не е веќе милениче на Мерцедес како што беше во минатото,си имаат свој тим и моторот за идната година ќе гледат да го направат според својот болид,а не за сметка на некој друг.Има големи промени во моторите и како што кажа Коки главен дел ќе биде КЕРС системот на кој му се зголемува моќноста од 80 на 160 коња.Многу битен момент ќе биде ладењето на тие батерии и целиот болид ќе биде конструиран да ги задоволи тие потреби.Предноста на Мерцедес е токму во ова и инфорациите што ќе ги имаат од прва рака околу поставеноста на батериите во болидот,додека на Мекларен ќе му биде доставен готов производ па после сами ќе треба да се снаоѓаат каде и како да го изведат сето тоа.Сигурно имаа доста инсајдерски информации во врска со ова,кои му биле доставени на Хамилтон па самиот пресудил дека со Мерцедес ќе има поголеми шанси за титула во иднина.