Две секунди кога имаш кочничар од мерцедес пред тебе.. Дај малце реалност. Болидот на Ред Бул е одличен, веројатно и најдобар во моментов. Но, да не беше мерцедесовиот кочничар, кој што као „ќе ја пратеше тактиката на Фетел“, тешко дека ќе имаше ваков исход трката. Но, храбрите ги прати среќа, така викаат, така и за Фетел. Имаше многу среќа што на второ место во тој момент на трката беше Нико Розберг, кој во најмала рака сам себеси се заеба, а богами и на Алонсо му нанесе голема штета. Да не збориме што во првиот дел, пред сејфти кар исто така Алонсо немаше среќа ни со Ди Реста по првото излегување од бокс. Сепак, како и во секој спорт и тука треба многу работа, техника, знаење и малку среќа.