не ја разбирам терминологијава и не знам што да ти одговорам... но, очигледно е „млатење празна слама“ и поради тоа на таквите постови во иднина нема да давам одговори. ќе се задржувам на она што е најважно!
Конкретно прашање конкретен одговор, филозофија у дизел вс бензин
не се врзувајте за статистиката како „слеп за стап“. таа е приказна само за себе, но вие ја мешате неа каде ќе стигнете. бројките не се мерило за квалитет, ниту некогаш биле, ниту пак ќе бидат! дали во моментов ферари е добар тим или не, земи го во предвид фактот што алонсо сака да си замине, па затоа неговиот менаџер беше во ред бул со изговор дека таму отишол поради некој од ГП2 серијата, а најново е што алонсо можно е да се врати во мекларен веќе од 2015 година.
дали алонсо е подобар од маса или не, статистички не може да се одреди! ние не ги познаваме толку блиску возачите за да одредиме кој е подобар, а кој не... ако вие се фаќате за статистиката, тогаш терајте си... но, маса има далеку повеќе технички познавања за болидот отколку раиконен! што ќе се случи кога раиконен ќе остане сам во ферари, кога алонсо би останал уште само една сезона!? 
еди џордан убаво спомна на неговиот форум, лука ди монтеѕемоло ги носи одлуките, а не тимот... тоа е голем проблем на ферари. монтеѕемоло бил голем фан на раиконен и се потрудил да го донесе, но не размислил што би се случило кога и алонсо ќе си замине! раиконен сам во ферари... ќе треба да се потрудат да најдат некој возач што е технички поткован пошо раиконен на 33 години нема да учи лекции како се чита телемтрија и да побара нешто специјално, да го натера тимот да работи напорно како тоа што го правеле шумахер, алонсо, хамилтон и ред други... раиконен ќе го надете во некоја „кафана“ наместо замислен како да го направи болидот да биде подобар.
малку се оддалечив од твојата споредба, но еве ми ја поентата... раиконен е голема грешка за ферари! подобро да го сменеа алонсо отколку маса... маса и понатаму ќе го развиваше болидот, а раиконен утре ќе остане сам. додека ферари најдат некој што ќе ја работи таа работа, ќе си ги „чукаат“ главите до тогаш каде згрешиле.
грешката во ферари е што се следат инструкциите на еден човек, а не на целиот тим! тоа ќе биде така се додека така се работи... и ферари нема да има успеси. последните беа со шумахер, а сезоната кога раиконен беше шампион ја сметам како карамбол.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Статистички гледано Маса е тотално инфериорен во однос на Алонсо. Дури и првата година кога Маса веќе имаше неколку години стаж Алонсо поставува подобри резултати уште од првата трка. Тоа пример не беше случај со Хамилтон, му требаше некоја трка додека се привикне на Мерцедес. Интересна е сезоната 2012, практично сезона во која Ferrari одлично парираше на Ред Бул и во повеќе наврати имаше подобар болид. Во таа сезона Маса е ко изгубен германец, пласманите му се очајни ко да возел третокласен болид од типот на Вилијамс, Марусија и слични. Маса, колку и да сака, не бил и не е во позиција да ја жртвува својата позиција.
сериозно ова!? или можеби не си фан на ред бул па ги „хејташ“ со вакви испади... смешно е! ред бул едноставно се најдобрите од сите, без разлика дали ти се допаѓа тоа или не... ферари исто така се топ тим, но мали работи недостасуваат кај водечките тимови, така да не е грешка да се каже дека и ферари се „најдобар тим“, бидејќи да не би биле, немало да бидат во трка за победа на секоја патека! бодовите и титулите оставете ги... гледајте колку пати биле во позиција да се борат за победа... тоа е мерило за квалитет, а не второто место на мерцедес или лотус!
како тим според мене број еден се ред бул, не дека се први, туку дека се подготвени да се тркаат за победа на секоја патека, а потоа следат ферари, на трето и четврто место ги ставам мерцедес и лотус... мада повеќе делуваат мерцедес дека се во позиција за победа отколку лотуст, али никој пат не се знае...
Сезоната 2012 ќе биде запаметена и по намерните ( еден ден ова и ќе се докаже) инциденти кој ги направија возачите на Лотус со единствена цел одстранување на Алонсо од патеката. Теоријата добива на тежина земајќи го во предвид фактот дека екипата на Лотус ( бившо рено) е во лоша финансиска ситуација па милионите од Ред Бул во сезоната 2012 ги виделе како спас за опстанок. Доколку ФИА го докаже ова се надевам дека тимот на Ред Бул ќе добие тотален бан и ќе им бидат одземени сите титули од 2010 наваму.