После денешнава трка да пише некој жалонсо стварно е жалосно и несериозно..
Штета Хамилтон што не му пружи повеќе отпор на Ветел..
Алонсо е критикуван за тоа што го направи на квалификации.
Заради ова извртување си го упропасти кругот и не стигна да направи уште еден кога беше најсуво. Сам си беше крив зошто тргна толку позади. На старт го искористи лошиот старт на Ди Реста и имаше среќа во хаосот што обично настанува на првата кривина (лани немаше среќа). Хамилтон го претекна при негова грешка, немаше тука мајсторија. И на крај се
жали дека тој се направил перфектно, само тимот го кочел.
Фетел за разлика од него не направи грешка викендов. Си се квалификуваше во прв ред на ужасни услови. Ја искористи брзината низ О Руж и го помина Хамилтон при првата можност. Пред да се овозможи DRS му избега 4 секунди и си одработи до крај без грешка.
Никој не оспорва дека Фетел е добар возач, ама сигурно не е заради него, неговиот болид побрз една секунда од другите, невозможно е.
На тркава беше подобар возач од Алонсо, без разлика на болидот. Да возеше во Ферари ќе го правевте новиот Шумахер и ќе му се клањавте. Срамота е каков тежок сељачизам и ниска култура покажуваат фановите на ферари на тркиве во последно време. Тоа што изгубил твојот тим, не значи дека треба да го свиркаш победникот по секоја трка. Ми се гади кога ќе слушнам свирежи при прогласување на победници. Мислев дека фановите во Ф1 се на малку повисоко ниво од фудбалски хулигани. Ај да се истепаа, некое иле да се десеше на патека. Ама нема таква причина, само завист.