Редбул традиционално нема сила за победа на патекава, Мерцедес и Хамилтон па традиционално јаки. Годинава, само тимот што го вози победничкиот Мерцедес се промени.
Ќе бидат сериозни конкуренти за титулата годинава.
Кај е тешка патекава за претекнување, уште кретениве од ФИА со казната за Грожан како да сакаа со декрет да објават „Ова не е место за претекнување !!! На оваа патека само преку бокс менување позиции“.
Ред Бул - Вебер вади од лања, а Фетел ако не тргне прв, или избие на прво место од старт - тапа.
Што толку направи Вебер на тркава? Добро извозе, ама не беше феноменален. Тргна со подобрите гуми, не заглави во гужва и поради тоа можеше да си тера свое темпо, исто како Батон.
Фетел под стандардот на тркава, особено во дуелот со Батон направи многу грешки и си ги зафркна гумите.
Но, каква трка очекувате да има болид што е направен да биде брз во најбавниот дел од патеката, каде што најмногу се добива на време, ама затоа пак е скоро невозможен за претекнување. Тактиката е таа. Добра позиција на старт и дефанзивно цела трка. За тоа е направен тој болид, со таа тактика освои 3 титули. Како очекувате претекнување од болид што со отворен DRS е одвај побрз од болидот пред себе со затворен. Едноставно карактеристиките на моторот на Рено бараат таква тактика. Догодина нови мотори, и се надевам нова приказна.