Како стојат работите Монако е единствена патека на која Мерцедесите можат да го валоризираат брзиот болид на квалификации.
Не толку од аспект што тешко се претица, односно скоро и невозможно, колку од фактот што патеката е пријателска кон гумите. Се работи за спора, мазна и патека без брзи свиоци. Од досега покажаното Мерцедесот има проблем со задните гуми.