Епа јас за 206ка можам да кажам дека е ефтина и дека не е скапа за одржување. Не зборам за 206ката што јас ја понудив, зборам општо, зашто разлика во цената на сервисирање кај една иста кола има, ако некој мајстор те одере или пак ја носиш на овластен. Плус како што успеав сега да забележам заинтересираната е женско, а од 206ката поженско ауто здравје. Створивте многу негативна репутација за 206ката како кола, а беше своевремено најпродавано возило кај нас, дизајнот уште се држи иако е кола стара 13 години. Пошто буџетот е 4000 евра, за тие пари може да се најде и те како солидно 1.4хди+чип или 1.4 бензин+плин и има да се утепа од возење.