Било која и да земеш од овие нема да згрешиш, помеѓу 316 и 318 ти препорачувам 318 таа е со М43 мотор 8 в со ланче, многу се истрајни и многу добри мотори кога ке го гледаш обрни внимание да работи тивко да не се слуша ланчето хидраулични подигачи (ова уствари важи и за сите).
Потоа имаш 320, 323, 328 овие се модели до 2000-2001 год. Сите се со 6 цилиндри затоа системот за плин е и поскап за овие, јас кога би земал би одел на 328и, потрошувачката само низ град му е поголема за некој литар но на отворено мислам дека и помалце троши а за тоа како влече и оди воопшто нема ни да коментирам.