Во моментов кај нас има солидна понуда на Мондео за некои 26000 со тдци мотор титаниум опрема, кој е многу солидно возило и навистина може да ги исполни очекувањата на една фамилија.
Понатаму за слична цена се нуди БМВ 3 со 2000цц турбо дизел (316 или 318), и со солидна опрема, а имаат и понуда на седишта од еко кожа за 180 евра, што за мене е многу јако. Значи се зема средена 3ка со доста опрема и дизел, за добри пари. Помало од Мондеото, aма се добива БМВ. Е сега според мене би требало да се забрани БМВ со 4 цилиндри - ама ај. Значи во денешно време да се тресе рачката од менувачот на семафор... Се е одлично но се чувствува слаба рафинираност на моторот (316-318-320), за разлика од тоа шестерците се светлосни години подобри, и светлосни години поскапи. Како и да е се добива БМВ за добра пара.
Тука е Субару импрезата со 2000цц турбо дизел, но овој пат боксер мотор. Рафинираноста и балансот на моторот е на највисоко ниво - Лаѓа. (Од тој аспект), се добива нивниот симетричен систем на 4х4 кој е врвен и вреди. Цената е слична со горните и во рамките на 26.000 евра. Секако дека атмосферскиот бензинец за многу помалку пари, но и тој е одличен. Особено во делот на префинетост и рафинираност - а јас тоа го ценам.
За секој има по нешто.
За слична цена се добива и Пасат ЦЦ 1.8 тфси...