Ексклузивно: Шундовски со феноменлана тактика за натпреварот со Данска
По неверојатната тактика за натпреварот со Исланд, која за жал не даде успех каков што посакувавме, тренерот на машката ракометна репрезентација, Ѕвонко Шундовски, реши да проба поинаква тактика: Да не се примат голови и кога идеме у напад да реализираме со финта! - ексклузивно дознава Пулс24.
Оваа тактика произлезе по медитацијата на Шундовски преку која се поврза со богот Клај го. По медитацијата, освен оваа тактика, произлезе и одлуката на самиот Шундовски да не биде повеќе небитен и да ги преземе работите во свои раце. Оваа тактика е инспирирана од коментаторите на преносите на натпреварите кои постојано ги потсетуваат ракометарите да не примат гол!
Исто така, добивме и дојава, ексклузивно од Шпанија, дека минутажата на нашиот капитен, Кире Лазаров ќе се зголеми за време на тајм-аутот. Се надеваме дека новата формација и идеја ќе вроди плод!