Автор Тема: Ракомет 2013 Светско.  (Прочитано 30184 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #150 на: 16 Јануари 2013, 21:07:20 pm »
Кире Лазаров е дрво дека не погодува 10 од 10. А што го даде пасот за последниот гол, што даваше гол кога немавме никаква идеа не е битно. И таман работа секоја утакмица да игра исто добро.

Во секој случај без него ќе бидеме пола репрезентација, сега сите противници него го чуваат, па се отвара простор за другите.

И баш би сакал некој од вас да стават па да видам дали од 50 обиди 5 ќе влезат, не па од 20 да влезат 10. Дека нели многу е едноставно.

Секоја чест за момците, посебно за Столе и голманчето :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #151 на: 16 Јануари 2013, 21:46:39 pm »
Конечно некој да пише нешто реално. Браво банза

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #153 на: 16 Јануари 2013, 22:12:20 pm »

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #154 на: 16 Јануари 2013, 22:22:18 pm »
Столе легендата!

Лидија го мотивираше :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #155 на: 17 Јануари 2013, 02:30:06 am »
Банза, грешна претстава доби изгледа дека сум кењач и дека го дискредитирам Кире. Напротив многу го почитувам како играч, одличен шутер, уште подобар капитен, секогаш смирен, зрел за совет на помладите. Меѓутоа и сам кажа дека на него секогаш има играч и се отвара место за другите, и никако да бидат тие другите проиграни ! Баш поради тој факт, поентата на муабетот ми беше дека не секоја акција мора да оди преку него. А репликата на Принц ми беше баш поради фактот дека неможе секоја утакмица да биде во елемент, и дека не треба толку топки да се трошат на шутеви од неизнудена позиција, кои денес ите како ги имаше.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #156 на: 17 Јануари 2013, 04:58:07 am »
se zbori od doverlivi izvori deka dancite kalkuliraat da ne igrat so francija i spanija pa ke ni dadat da pobedime...taka zborele nivnite novinari...

А ние ке изгубиме од нив и ке ги зезнеме...

Македонија немала играч како Кире Лазаров уште од Пепи Манасков...Факт.
Му зимам денес при срце што при ситуација кога имаме играч повеќе, зеде да шутира, наместо да ја развлечат по крила играта.

Можевме да капитализираме денес, Русија скоро цел натпревар го помина со играч помалку, и ах, да не беа оние 2 престапа на Манасков, ке ги казневме Русите за нивната лоша игра...
Секој натпревар примаме голови во случај кога имаме играч повеќе, слабо се враќаме на контри, уште побавно се прават измени...

Врв на аматеризмот денес беше кога Георгиевски се затрча да влета во терен, па мораше Шундо да му се фрла клизаќи да го спречи да направи лоша измена...
Лоша партија на Борко денес, Стоилов колку ќотек изеде, алал да му е...

Сакале да признаеме или не, Лазаров ни е 60% од репрезентацијата...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #157 на: 17 Јануари 2013, 05:25:10 am »
Епа 60% е затоа што неаме асален тренер кој што ќе ја направи играта поразноврсна. Те едно па исто се тера цело време, премногу сме предвидливи. Има многу неискористен потенцијал во другите играчи. Штета што една ваква генерација на играчи е упропастена поради гомнариите што се дешаваат во рфм. Верувам и сигурен сум дека со квалитетен селектор/тренер оваа генерација на играчи може да стигне до медал.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #158 на: 17 Јануари 2013, 11:34:58 am »
Дечки, сори ама смешни ви се коментарите од типот, "ја да шутнам 30 ќе погодам 10."

Активно сум се занимавал со спорт 14 години и знам што значи.

Лесно е кога гледаш од дома на телевизија, оди пробај да видиш?!

Кога ќе ти застанат 5 горостаси од одбрана по 110 кила и два метра со рацете дигнати нема голот да го видиш а не да шутнеш.

Така викаше и другар ми, абе врска немате ја да дојдам кошеви ќе ви давам!

Го земеав еднаш на тренинг, 3 пати се обиде да шутне, 3 пати го залепија и вика, "Абе не било толку лесно на терен, од публика поинаку изггледа !";D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #159 на: 17 Јануари 2013, 12:02:35 pm »
+1

Башка имаме 2 победи, пораз од Исланд, нерешено со Русија. Далеку од слаб учинок. Ништо не е завршено.
Дека може подобро, може. Дека треба подршка, треба.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #160 на: 17 Јануари 2013, 12:15:46 pm »
Се тоа ќе биде џабе ако наредната фаза играме право со франција и не издрват 15 разлика. Овие првенства се далеку од циганската ден за ден тука треба да се планира до самиот крај што како.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #161 на: 17 Јануари 2013, 12:18:36 pm »
Ја планирав до 30 да имам пуно пари, куќа по мој мерак и две коли...

Ама не се’ иде по планот...

Нема да биде џабе, ако им покажат заби на Франција, малце да им смрзне гомце... Па макар и изгубиле после тоа...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #162 на: 17 Јануари 2013, 12:18:46 pm »
Сеа тек партали ќе праат нашите. Само малце да повежба тренерство Кире.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #163 на: 17 Јануари 2013, 12:22:53 pm »
Се тоа ќе биде џабе ако наредната фаза играме право со франција и не издрват 15 разлика. Овие првенства се далеку од циганската ден за ден тука треба да се планира до самиот крај што како.

Џабе е што Македонија игра на светско и што во осмина финале треба да се мери со Франција?
Дај бе ѕирнете низ прозор од кај сме, кој сме и што сме. До вчера за репрезентација играа играчи кои настапуваат по клубови за стипендија и купени со коли на лизинг и одедаш, абе ај ќе не здрви Франција 15. Ќе не здрви ако им дозволиме.

Не ги потценувам нашите воопшто, напротив, имаме доста солиден тим кој може секому да му парира. Ама некако апетитите многу нагло ни растат.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ракомет 2013 Светско.
« Одговори #164 на: 17 Јануари 2013, 12:33:54 pm »
И да не здрви Франција не е срамота, актуелни светски и олимписки шампиони се. Така да не е џабе и срамота ако те елиминира таква екипа.

Само треба да дадат се од себе, не е битно дали ќе изгубат.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.