Exide Premium Carbon Boost EA722 72Ah, вчера со долго верглање едвај запали Голфот. Можеби треба да го однесам до Ексајд да го ѕирнат, ако е можно во оваа фаза да се направи нешто. Дестина дена претходно приметив дека имаше малку верглање, па извозев еден круг до патарината кај Петровец и назад во К4. Потоа беше добро, па неколку дена не ја возев колата и вчера едвај запали.
Ова студов е заебана работа.
Инаку рака на срце колата почесто се вози на кратки дистанци градска вожња, со тоа што гледам барем еднаш месечно да ја издувам на автопат до Петровец, и заради моторот и заради акумулаторот.
Не знам до кога ќе истера сегашниов, но очигледно на крај е. Земен Октомври 2014та, очекував барем ~5 години. :-/
За следниот акумулатор изгледа ќе мора и полнач да се земе, и вградување еден волтметар да се следи напонот.