имам читано/слушано разни теории, од 3 месеци до година, по мое најдобар показател е внатрешен отпор, лесно се мереше, ама не ми е при рака процедурата не ја знам на памет, но ја има на интермец, а најверојатно има и апаратчиња за мерење, е сега ако немаш податоци за конкретниот модел, ќе запишиш колу бил отпорот кога бил нов, на 2-3 месеци ќе мериш, ко ќе приметиш нагло зголемување ќе го пуштиш да се десулфатизира.
Поновите коли полнат нешто над 14.4в при што се одржува во солидно стање акумулаторот односно тие неколку миливолти постојано го десулфатизираат по малце акумулаторот, но сепак зависи од возњето и може да се наталожи сулфат иако ја имаат оваа заштита.
Е сега на пример ако имаш акумулатор 2 год стар и немаш референтна вредност, не би знаел како д аодредиш, но најверојатно да измериш внатрешен отпор, да пуштиш десулфатор и да нпаравиш споредба, ако има ефект таја вредност што си ја добил после десулфатизација нека биде референтна, ама не сум баш сигурен за оваа постапка.
Од друга страна пречесто преполнување или десулфатизирање ја распаѓа едната електрода, затоа десулфатизацијата се одвива не интензивно и не треба да е кој знае колку јака.