Здраво дечки да се надоврзам на темава
Акумулаторот ми е за мењање, оргиналниот од BMW AGM издржа 15 години ама во последно време ако оставам радио или светла на не запалена одма ги гаси и се појавува симбол за слаб акумулатор.
Опциите ми се
Evolution 80Ah 800A - 9000ден или
Exide околу - 12000ден Како што ги читам постовите се помалце ми се даваат париве за нов, испагја работава коцка дали ке ти трае 2год дали ке трае 7-8
Почнав да барам нешто на интернет за репарирање или полнење на оргиналниов.
Најдов 2-3 видеа кај што успешно ги полнат АГМ акумулаториве
еве едно пример
Ептен детално објаснува и целиов процес ми делува легитимен,
дополнително тоа што кај овие акумулатори за разлика од обичните нема коризија единствено таа малку вода што ја има во "стаклените" ќелии да испари.
Ако веќе се решам за нов ќе го пробам ова пред да купам ништо не губам
Има некој искуство со вакво нешто, знам дека порано доста се полнеа стари акумулатори, низ дома се врткаше некој полнач..