одиме конкретно...прашањава се однесуваат на сите присутни увозници и на оние што се сигурни дека имаат информација од прва рака...ве молам без подметнувања...провокации...нагаѓања, празни муабети...бидејќи Анџело од Exide не не удостои со конкретен одговор...ги прозивам ниџо и повиканите да се изјаснат и да помогнат да дојдеме до одговорите...ве молам само конкретно и прецизно:
- дали на вашите акумулатори има датум на производство и како обичниот купувач да го почита ако е кодиран?
- зошто воопшто мора тие податоци (дата, држава на производство итн) да бидат кодирани и неразбирливи за купувачот, кога знаеме дека датумот на производство е битен податок?
- колку најмногу може да стојат на лагер вашите акумулатори (од датумот на производство) пред да бидат продадени на купувачот/краен корисник?
- согласно ЕУ регулативата која секој производител мора да ја почитува, дефинирани се конкретни обврски за процесот на производство, чување во магацин, начин на дополнување итн...во всрка со ова - како вие постапувате, дали се води евиденција и како купувачот да ја знае историјата на секој акумулатор?
- кој стои зад гаранцијата на акумулаторите што ги увезувате - вие или производителот? ако сте вие, денот кога ќе престанете со тој бизнис, кој понатаму ги презема вашите обврски кон купувачите?
- дали и кој го контролира напонот на акумулаторите во продавница-дали е паднат испод 12,5 волти и како се постапува во тој случај (си ги дополнуваат во продавница...ги враќаат кај увозникот...во сервис...кој води евиденција за сето тоа..)?
- дали кај вас се случува некои акумулатори да не се продадат во дозволениот рок за држење на залиха и како постапувате со нив?
- кој треба да измери во каква состојба (со кои параметри) треба да е акумулаторот пред да се вгради во возилото?
- дали е вистина тврдењето на некои стручњаци - дека ако акумулаторот... ако не е прописно ускладиштен и одржуван... никогаш да не падне напонот испод 12,52 волти... и ако од предолго чување на залиха го зафатил процесот на сулфатизација...може при продажба да покаже напон од над 12,5 но тоа не му е гаранција на купувачот дека е исправен...затоа што за кратко време..поради сулфатизацијата може наеднаш да му откаже послушност...односно да не ја држи струјата, лаички речено?
- како купувачот да знае дали смее да вгради наместо 70 Ah, 85Ah или појак акумулатор... како што препорачуваат некои продавачи...дали држи тој пристап и дали е заснован на претходни согледувања за карактеристиките на "хардверот" (алтернатор, реглер, анлансер, релеи, сензори и др.), односно дали ЕКУ-то ја трпи, може да се репрограмира за да ја контролира промената...и во кој распон? (се извинувам ако нестручно го поставив прашањето...ако некој знае нека помага)
- кој ја сноси одговорноста ако продавачот му продаде на купувачот акумулатор стар повеќе од дозволениот рок (чуван во продавница на несоодветни температурни услови, недополнуван итн) и дали воопшто смее да се пушти во продажба таков акумулатор... дали смее да се издава гаранција на ваков акумулатор, за кој однапред се знае дека е неисправен и дека несмее да се пушти во продажба?
- како да препознаеме дали акумулаторот е купен "на кило" (како што изјавивте на форумов) и како да се заштитиме некој да не ни подметне таков производ како регуларна роба?
- што треба друго важно купувачот да знае пред купување на акумулатор...за да не налета на несовесни продавачи, кои се спремни да го измамат, затоа што претходно не бил информиран или едуциран и незнаел/неможел да ја открие нивната намера?
...ако пропуштив некое битно прашање..ве молам дополнете ме...
уште еднаш сите ве молам за потребното ниво на сериозност...ако на некому му е сеедно што ми го умреа другарот со пропишана терапија на точно посочени фалсификувани лекови, кои му ги уништија бубрезите, црниот дроб и панкреасот...а на крај го докусурија со неквалитетен инсулин препорачан од Примариус-Доктор тој и тој (за да си го наполни џебот)....или можеби ви е сеедно што на моиве или ваши деца сте им купиле тегла декларирана како органски мед, а внатре ви ставиле кинески сируп, кој предизвикува рани во устата и грчеви во стомак и го труе мозочето на детето долгорочно...но да не набројувам..нема да постигнам се да кажам..а и ќе забегаме од темава...
П.С. немора наеднаш, може и едно по едно да се одговара на прашањава...