Автор Тема: Отворено работно место  (Прочитано 6592 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34149
  • Таков е животот... јебига
Отворено работно место
« на: 03 Јануари 2013, 14:05:57 pm »
ПОВТОРНО ОТВОРЕНО ИСТОТО РАБОТНО МЕСТО КАКО ЛАНИ. Ланската постава на тимот беше ултра-успешна па затоа оваа година се проширува:

Здраво дечки,

Ве молам дајте препорака или раширете абер, ми треба за вработување имплементатор (продажба не, сервисирање не, само имплементирање и презентирање) на ERP софтвер. Потребни квалификации (бидејќи тешко се наоѓа личност со вакви квалификации критериумот малку го олеснувам):

- Завршен економски факултет смерови: Финансиски менаџмент, сметководство и ревизија, е-комерц.
- Темелно Основно познавање на сметководствени начела и принципи
- Квалитетно и точно користење на стручната терминологија
- Задолжително познавање на Office пакетот на програми на НАПРЕДНО ниво
- Возачка дозвола
- Познавање на англиски јазик
- Сериозност и потрага по константно подобрување (овој критериум го болдирам, зошто ми е побитен од првиот критериум)

Како плус ќе се ценат техничките познавања од мрежи и оперативни системи, напредно познавање на англиски јазик, искуство во работа како менаџер, сметководствено-ревизорски работи.

Заинтересираните нека пратат CV на mile@astronomija.com.mk најдоцна до 20 Јануари 2013-та 20 Фебруари 2014-та.

Оние што ги немаат пишаните потребни квалификации во буквална смисла кандидатите кои не го исполнуваат или не планираат да го исполнат последниот критериум, нема да се земат во предвид.

Ве молам раширете на што е можно повеќе луѓе.

Лани никој освен Куоре не даде препорака. Ајде малце посериозно, иначе не признавам веќе жалење дека немало саглам работа во државава

« Последно менување: 13 Февруари 2014, 11:10:05 am Falangasaurus »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34149
  • Таков е животот... јебига
Одг: Отворено работно место
« Одговори #1 на: 20 Февруари 2014, 13:52:54 pm »
АЛО БРЕЕЕ!!! ???

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Отворено работно место
« Одговори #2 на: 20 Февруари 2014, 14:07:28 pm »
по закон мораш да пишеш и основна плата :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Отворено работно место
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2014, 14:35:58 pm »
Друже имам обука за меѓународни јавни сметководствени стандарди.. Може да аплицирам. И дали се работи од дома ...

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Отворено работно место
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2014, 15:37:15 pm »
И ручек дома дали носите??? Ве молам за инфо?  ;D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Отворено работно место
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2014, 15:59:20 pm »
Да имав завршено факс ќе се пријавев :) Другите работи речиси ги познавам добро.

п.с. има нешто како тест на кандидати, да се пријавам за тест ? :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Отворено работно место
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2014, 17:33:09 pm »
Не ти треба факс. Битно е да знаеш да работиш. Факсот е само парче хартија. Во ера на интернет и глобални комуникации губи смисла.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Отворено работно место
« Одговори #7 на: 20 Февруари 2014, 17:43:18 pm »
Ај уште еднаш провери ја првата карактеристика што се бара ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Отворено работно место
« Одговори #8 на: 20 Февруари 2014, 17:50:11 pm »
Како и секогаш бугар, не читаш целосно. ДИПЛОМА МОРАШ да имаш. Ти може да ја знаеш работата и со затворени очи да работиш, ама тоа парче хартија 40х20цм мора да го имаш.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Отворено работно место
« Одговори #9 на: 20 Февруари 2014, 17:57:15 pm »
Диплома може да ти бараат ако работиш во некоја држвна администрација, заради бодови и работна позиција. Во приватен сектор дипломата ти е = на 4-то одделение. Значи треба да знаеш азбука и таблица множење како најосновно. Ако те бива за работата, во тој случај ке имаш работа колку сакаш и преку глава...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Отворено работно место
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2014, 18:06:53 pm »
А ако не те бива ќе станеш лидер и ќе си ги оутсорснеш работите.. Просто е

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Отворено работно место
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2014, 19:19:38 pm »
Дали може да препорачам странска државјанка со одлично познавање на сето горе споменато ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34149
  • Таков е животот... јебига
Одг: Отворено работно место
« Одговори #12 на: 20 Февруари 2014, 19:47:12 pm »
Друже имам обука за меѓународни јавни сметководствени стандарди.. Може да аплицирам. И дали се работи од дома ...

Бугар, со прашањево ми кажуваш дека немаш поим што е тоа ERP софтвер. Може да аплицираш но со ниски шанси за успех.

И ручек дома дали носите??? Ве молам за инфо?  ;D

Носиме, но само кај мене дома  :P

Да имав завршено факс ќе се пријавев :) Другите работи речиси ги познавам добро.

п.с. има нешто како тест на кандидати, да се пријавам за тест ? :)

... ако имаш муда да дојдеш кај мене на тест... шала на страна, потребна ми е личност со завршени обврски кон основното образование, тоест факлутетското образование. На тест можеш да дојдеш кога и да посакаш само да ме известиш ден-два однапред :)

Ај уште еднаш провери ја првата карактеристика што се бара ;)

Не гледам грешка тука. На пример, лани барав економист а во одсутство на економист во тимот одлично ми се вклопи правник.

Диплома може да ти бараат ако работиш во некоја држвна администрација, заради бодови и работна позиција. Во приватен сектор дипломата ти е = на 4-то одделение. Значи треба да знаеш азбука и таблица множење како најосновно. Ако те бива за работата, во тој случај ке имаш работа колку сакаш и преку глава...

Сосем точно. Но човек кој не се решил на високо образование нема доволно амбиции за работа на ова работно место.

по закон мораш да пишеш и основна плата :)

Иако не морам еве ќе пишам. Платата ќе биде најмалку 22.000 за rookie до 30.000 за senior. Секако тоа е почетна плата.
Ниската граница на плата треба да е мотивирачка, но не превисока за да не се изгуби мотивот за повисока плата а не треба да е пониска поради фактот дека не се работи за шалабајзерска фирма со недефинирани принципи на работа и вреднување на трудот.

Еве малку појаснување за што станува збор. Секоја фирма врши одредена дејност. Законска обврска, а и морална и методолошка обрска е СЕКОЈА активност на фирмата која резултира со некоја промена на средствата или обрските, да се документира. Законската обрска за документирање на работата на компанијата произлегува од потребата на државата да наплати јавни приходи а и да се грижи за дисциплината и општото здравје на стопанството односно општеството. Затоа се предвидени минимум евиденциски методологии и инструменти со цел државата да ја оствари конкретната цел.

Од друга страна, бидејќи компаниите не работат за јавните приходи на државата туку за профит на своите сопственици, потребата од евиденција на промените на средствата и обврските во компанијата е главна активност преку која сопствениците и раководните лица носат деловни одлуки. Согласно методите кои ги користат сопствениците и раководните лица документирањето може да биде повеќе или помалку детално.

ERP софтверот е алатка која ги собира податоците од евидентирањето на деловните промени во фирмите, со задача да презентира потребни податоци во врска со работата на компанијата на државата, соствениците и раководните лица.

Имплементацијата на ERP софтверот опфаќа најпрво темелно разбирање на дејноста на компанијата, целта и мисијата на компанијата, детално познавање на методите на работа и одлучување како и темелно познавање на законите во чии рамки функционира компанијата.

Да не навлегувам во детали, ќе ми биде потребна личност која ќе може да биде мој асистент а со тек на време и самостоен имплементатор на ERP системи, од фазата на пред-продажба, преку фазата на продажба, профилирање на фирмата, имплементација, обука, пост-продажна поддршка и понатамошен развој и детализирање на ERP системот кој мојата компанија го произведува.

Дали може да препорачам странска државјанка со одлично познавање на сето горе споменато ?

Не гледам зошто не би можело, се додека има регулирано легален престој и дозвола за работа.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Отворено работно место
« Одговори #13 на: 20 Февруари 2014, 19:56:47 pm »
Sирни што се јавни сметководствени стандарди и после кажувај. Во Англија е прифатена тука не. Страшно ниту сакам да аплицирам ниту имам намера.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Отворено работно место
« Одговори #14 на: 20 Февруари 2014, 19:58:10 pm »
@ Falanga Провери над мојот пост кој и што има пишано па ќе ти стане појасно ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni