Автор Тема: Yeti или Tiguan  (Прочитано 6504 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #30 на: 03 Јануари 2013, 18:47:30 pm »
Предлогот на Cuore е на место.

Ако треба да бирам Yeti или Tiguan, секако дека би одбрал Yeti. Другарче зема пред 5-6 месеци, два пати до душа се имам извозено, али со 2.0 TDI, погон напред и солидна опрема за 17-тина илјади, е одличен автомобил. Ентериерот посбно ми остави добар впечаток, има чувство како во многу поскап автомобил.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #31 на: 03 Јануари 2013, 19:15:22 pm »
Не дека Sportage е лошо ауто, ама тој 1.6-литарскиот бензинец е тотално промашен во таа кола. И треба уште многу векни леб да изеде за да може да се споредува со Јети или Тигуан.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Yeti или Tiguan
« Одговори #32 на: 03 Јануари 2013, 20:41:45 pm »
За кој к*р ќе ти бидат 186 коња?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #33 на: 03 Јануари 2013, 20:56:47 pm »
За да му трчаат низ двор!



Шала на страна Тигуанот е прескап спрема Јетито. Сигурно има подобра завршна обработка и надворешен изглед, но внатре не личи на ништо.



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #34 на: 03 Јануари 2013, 20:59:21 pm »
Сеуште тврдам дека Јетито е прекрасно возило, особено со 2.0 TDI.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #35 на: 03 Јануари 2013, 21:34:23 pm »
Од јетито би го исфрлил DSG-то заради поскапиот сервис, за сметка на 4x4.

На изглед, Тигуанот е каде каде поубав, ентериерот е субјективно мислење, ама ипак, не би дал 10 000 Е само за тоа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #36 на: 03 Јануари 2013, 22:53:36 pm »
За кој к*р ќе ти бидат 186 коња?
За да може да ремапира на 210кс.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #37 на: 03 Јануари 2013, 23:23:02 pm »
Не дека Sportage е лошо ауто, ама тој 1.6-литарскиот бензинец е тотално промашен во таа кола. И треба уште многу векни леб да изеде за да може да се споредува со Јети или Тигуан.

Од кај се појави сега 1.6 бензинец во муабетов ?

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #38 на: 04 Јануари 2013, 00:33:31 am »
Имаме службена KIA Sportage Dizel, Купена за околу 26.000 евра пред година дена со солидно ниво на опрема.

Без никакви претензии и без субјективни намери ама КИА-та не може да се мери со VW во ништо.

Веќе на 40 000 километри имаме доста проблеми кои додуше се ситни ама се доста чести и задаваат главоболки поради потребата од често носење на сервис.

Не сме имале Јети и не можам да кажам ништо за него но сме имале и имаме еден куп VW возила, кои иако не се совршени нормално како и секое друго возило и си  имаат свои маани, се светлосни години пред КИА.

Да не зборуваме за Q3  и слични кои се надвор од оваа конкуренција!

Друга работа е дали е VW преценет како бренд или не ? За мене лично е ! Ако сум ограничен со буџет при купување на возило и не можам да си дозволам на пример Тигуан, јас никогаш не би одел на алтернатива Јети иако не знам многу за ова возило, би избрал некој Јапонец во тој ценовен ранг а ги има подоста!




Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Yeti или Tiguan
« Одговори #39 на: 04 Јануари 2013, 13:14:34 pm »
И јас бев многу скептичен кон Јети, ама откога седнав и го провозев (и 1.2 ТСИ и 2.0 ТДИ), мислењето целосно ми се смени. И возни својства и завршна обработка беа далеку над моите очекувања. Единствено пречи малиот багажник, Јети е 20 см пократок од Тигуан. Во Тигуан се имам возено, најразочарувачко таму е што внатрешноста е целосно преземена од Голф Плус, а плаќаш ѓаолипол за да се возиш (внатре) пак во Голф Плус.
« Последно менување: 04 Јануари 2013, 14:53:54 pm Z128 »