За ова што го пишува Мечето, и јас имам слушнато, иако кај нас откако ќе на*беш после дур да докажеш дека не се во право полицајците, ќе ти пукне чирот, па ког ќе ги ставиш двете работи на ментален кантар - да платам 45е или казнени поени или да се е*авам со докажување погрешни процедури на џандарите, стално победува онаа полесната - плати си и трај си... Ама јас сум многу озблен за еден „трип видео рекордер“ кој ќе може да ги снима ситуациите, во кои неретко може да се најдеш, а може да те коштаат скупо а да си во право (непропуштање на баба што го потпрела бастунот на коловоз дур чека да поминат колите за да помине, поминување на „наводно црвено“ во ситуација кога било зелено, али џандарот тврди дека било црвено и сл. ситуации..