Ќе земеш едно парче метална мрежа (може и лим али најубаво е со мрежа), и ќе ја залепиш со двокомпонентен лепак позади браникот, таму каде што е пукотината. После тоа, деловите што се одвоени нема да се мрдаат, а пукотината ќе можеш да ја пополниш со кит, но не знам дали може со таков обичен кит за лимарија, или мора со некој посебен за пластика. После тоа ќе однесеш да ти го прснат со боја браникот каде што ти била пукотината.