Здраво дечки,
После речиси 5 години работно искуство и врвење низ сито и решето, се решив конечно да се поставам претприемачки во животот. Официјално после Нова Година започнувам со сопствен бизнис - Компанија за 3D визуализации, пред се на архитектонски решенија, но не се исклучок и други типови на визуализации.
Замислата ми е да се соработува со архитекти/инвеститори и конечно да се дигитализираме во оваа област.
Ова е одлична поволност при купување на станови, изградба на куќи, викендици итн. Сеуште сме приморани да гледаме планови нацртани во AutoCad или не дај Боже со рапитограф и самите да визуелизираме како ќе изгледа прозорот поставен на исток, колку светлина ќе добиваме...дали ќе се гледа кујната од дневната со преградниот ѕид итн итн.
Значи, од 2D преминуваме во 3D. Нема потреба вие да замислувате како би изгледал некој објект туку да добиете конкретна визуализација на екстерниот изглед на објектот и интериерот.
Што се однесува до екипираноста, моментално тимот сме четворица вклучувајќи го и нашиот osmica8 како part timer

така што јас сум потполно отворен за соработка, како за луѓе така и за компании.
Доколку имате некакви контакти, познанства слободно нека ми пишат на
mihajlo.stojanovski@yahoo.com
моб. 070777019
Фала за поддршката
