-пушење може. пушач сум. има пепељара и позади.
-чистење чевли ово оно, не мора до детали ама да не биде ептен до коленици во кал и/или снег инаку зашто служат патосници?
-јадење.. е тука проблем. не давам јадење во кола, ни чипс ни смоки ни ништо. ако ти се јаде ке застанеме и ке јадеш надвор од кола на паркинг.
-модерирање како да возам... за ова балдзата ја имам исфрлено 2 пати до сега од кола БУКВАЛНО и БРУТАЛНО на семафор. а еднаш мајка ми сама си излезе одкако и се исподрав. и жена ми исто еднаш ама додека бевме само во врска, на време ја научив како треба...
-не мењам музика на радио по твој вкус. тоа што ми се слуша тоа слушам. моја си е колата, мое си е радиото, за мој кејф јас да слушам, јас сум го купил а не ти. ако ти се свиѓа арно, ако не ти се свиѓа, ме боли к*р за тоа...
-парно-клима, не палам-гасам по твој кеиф. туку по мој. не си во лимузина, па шоферот да ти прави на тебе пријатно да ти биде пошто го плаќаш.
овде сум јас во мојата лимузина и јас си правам кеиф за на газот да ми биде како сакам.
-забрането е да се пипа по копчиња напред. а за позади ако се деца им ги гасам копчињата за прозори. нема отворање прозори. и не ми кажувај дали мојот отворен прозор ти дува во глава. јас сум клаустрофобичар, и ми треба отворен прозор.
-немој
НИ ДА ПОМИСЛИШ да ми кажеш дека мојата запалена цигара ти пречи. отвори си прозор и/или диши на шкрги. или излези од колата. мене ми е супер.
мојата кола е моето царство, а јас сум царот во нејзе и ке царувам по мои правила. ако не ти се свиѓа моето царување во царштината моја, слободно напушти го царскиот дворец и барај си друго царство. има уште некои вакви пикантерии. ама ај за друг пат да оставиме.