Автор Тема: Тресење при лер гас...! Помош!  (Прочитано 4231 пати)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Тресење при лер гас...! Помош!
« на: 24 Декември 2012, 21:29:30 pm »
Во лер гас колата си работи мирно но кога ќе пуштам светла, греач на задно стакло или некој друг поголем потрошувач на струја колата почнува да тресе работи немирно и обртаите варираат (немам обртометар но се примеќа). И без да пуштам нешто некогаш како да подзатресува но не толку многу... Кажувајте што мака би било.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #1 на: 24 Декември 2012, 21:33:19 pm »
Маф сензор или клапна - чисти ги двете!

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #2 на: 24 Декември 2012, 21:49:51 pm »
кај мене се осека само мал трзај кога ги пала светлата а потоа си работи најнормално колата.мислам дека до алтернаторот бидејки во тој момент светлата повлекуваат повеке струја и алтернаторот почнува да го терети моторот.исто како кај некој коли со помали мотори кога ке се вклуци клима се терети моторот и помалку влеЧе колата.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #3 на: 24 Декември 2012, 22:05:39 pm »
Vo sekoj slucaj ti treba elektricar

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #4 на: 24 Декември 2012, 23:53:05 pm »
На светлата тресе малку, ќе пуштам и греачот ептен затресува исто и кога дигам и пуштам џамовите, како сила да му зима на моторот. Секако ќе се оди до мајстор тие денови. Можно е алтернаторот да не полни доволно и не дава доволно струја...

@Џиџи- клапната летото ја чистив а и незнам што би имало ова врска со неа и Мафот?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #5 на: 25 Декември 2012, 00:10:30 am »
и јас го имав истиот проблем, кај мене  заебаваше TPG сензорот
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #6 на: 25 Декември 2012, 00:11:54 am »
Што сензор е тоа? Зошто служи?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #7 на: 25 Декември 2012, 00:16:00 am »
тоа ти е сензор за регулирање на воздух за влез во горивото мислам дека ме разбра: )
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #8 на: 25 Декември 2012, 00:38:36 am »
Разбрано :) А на шо кола те заебаваше тој сензор за истиот проблем?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #9 на: 25 Декември 2012, 01:03:04 am »
renault clio
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #10 на: 25 Декември 2012, 01:09:12 am »
најверојатно алтенаторот не полни доволно,имаш проблеми со палење?

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #11 на: 25 Декември 2012, 01:18:04 am »
Не не, супер си пали колата. И јас мислам на алтернаторот но ако е тој акумулаторот нема да се полни доволно ќе биде слаб и тешко ќе пали посебно на ладново време. Немам проблем со палење но сепак ќе измерам колку полни.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #12 на: 25 Декември 2012, 08:13:58 am »
На светлата тресе малку, ќе пуштам и греачот ептен затресува исто и кога дигам и пуштам џамовите, како сила да му зима на моторот. Секако ќе се оди до мајстор тие денови. Можно е алтернаторот да не полни доволно и не дава доволно струја...

@Џиџи- клапната летото ја чистив а и незнам што би имало ова врска со неа и Мафот?

Моторчето за лер гас ти е врзано за клапната - така да може и тоа да те дупи, а кога ќе се оптерети со потрошувачи, алтернаторот потешко врти и го самозакочува моторот, па ако МАФ сензорот е нечист не е во можност точно да пресмета која е температурата на воздухот и колку воздух влегува во моментот, а према тоа и ламбда сондата да може да ја подготви смешата за гориво од 14.7:1.
ЕГР вентилот исто така може да биде причина, незнам што кола имаш, дали е на плин или само на бензин, дали имаш филтри за гориво и на кој притисок ти работи пумпата за гориво, дали ја чуваш надвор, колку е стара и колку има поминато...
ЗАКЛУЧОК: ОДИ СИ НА МАЈСТОР !!!

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #13 на: 25 Декември 2012, 17:39:22 pm »
Се работи за Ланос 1.5 1999г има поминато 130 000км ја возам само на бензин, филтрите ми се сменети сите. До пред 1 месец ми беше надвор но сега ја гаражирав. СЕКАКО ќе одам до мајсторот и ќе видиме што ќе биде, се надевам оти ќе поминам само со чистење на некои работи...

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Тресење при лер гас...! Помош!
« Одговори #14 на: 03 Јануари 2013, 21:17:57 pm »
Да не имаш некој неисправен електричен потрошувач што ти троши многу струја, некаков спој во инсталацијата... Нешто ти го паѓа напонот многу. Измери со унимер што се случува кога вклучуваш електрични потрошувачи. Потоа пробај со вадење на осигурувачи да откриеш кој потрошувач ти прави проблем...
Ова се разбира ако си доволно стручен во спротивно право кај некој што си ја знае работата
Доцна го видов датумот на постот... Сигурно досега си го решил проблемот. Кажи што беше во прашање?
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!