Имаш спомнато за гумите да бидат напомпани таму под бр 6 за да има помала потрошувачка колку треба да биди напонпана една гума зависи од колата што ја возиш во зависност од тежината на мотор шасија и др или од големината на гумата ?
За секоја кола е напишано на вратата или кај капачето за бензин. Обично сите кај нас ги пумпаат околу 2 бари, а возилата си бараат повеќе. За Поло притисокот треба да е 2.2 напред и 2.2 назад за лесно оптеретување и 2.2 со 2.7 (!!!) назад за 4-5 луѓе со багаж позади. Голема е разликата од 2 до 2.7 за оптеретувањето на моторот, а согласно тоа и потрошувачката. Секако и помали отстапки резултираат со покачена потрошувачка. Дури и на митбастерс тестираа со притисок на гумите, и кај нив излезе дека разлика од 2.7 и 2.5 притисок имаше 6% разлика во потрошено гориво
http://ecomodder.com/forum/showthread.php/mythbusters-tests-tyre-tire-pressure-17151.html, а замисли колку многу ќе е со поголеми коли и поголеми разлики.
Еве прост пример. Си бил на вулканизер и ги ставиле по дифолт на 2 бара притисок. Си возел 4 месеци, пуштиле гумите сигурно 0.1 некоја и 0.2. Значи гумите ти се на грубо 1.85, ти тргаш на одмор со 5 луѓе во кола, плинска боца во гепек, сабвуфер и полно куфери. Колата бара 2.9 бари притисок. Тоа ќе нуди 15-20% поголема потрошувачка. Наместо да е 5.2 литри ќе е 6. Односно наместо да е 10, ќе е 12 литри на 100. А се што те кошта е да ги напумпаш колку што треба на бензинска.