Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline  (Прочитано 26911 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #60 на: 17 Декември 2012, 22:13:41 pm »
HIGHline е срамота да се вика highline без некои основни работи кои би требало да ги има и во пониските пакети во опрема.

Според мене, highline би требало да содржи буквално се, со можност за исфрлање на работи кои не му се по кеиф на сопственикот.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #61 на: 17 Декември 2012, 22:16:20 pm »
фејслифтирана 6ка која била малку на липосукција :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #62 на: 17 Декември 2012, 22:17:36 pm »
Епа тоа е муабетот,нели е највисоко ниво на опрема.Нека го опремат како што налага годината во која живееме и нека направат соодветна цена.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #63 на: 17 Декември 2012, 22:33:35 pm »
Треба да му стават некои липови, тракатанци за да се издвојува од основните верзии. ;D
На пример како што беше случај со GT 5ката.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #64 на: 17 Декември 2012, 22:35:46 pm »
Лампиони да му стават, да биде различен од основните верзии.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #65 на: 17 Декември 2012, 22:37:24 pm »
Пакетите на опрема ги одредува импортерот, и имаат сериозни пропусти. Да, дефинитивно би требало да е поопремен, особено кога станува збор за додатоци кои не би ја смениле излезната цена премногу (блутут, сензори, дрн-дрн). Можам само да се надевам дека ќе подотворат очи и ќе ја наштелуваат малку опремата за да го оправда името Хајлајн.. Цената, како и на секоја нова кола, ќе се симне надоле и каталошки, и салонски со тек на време.

Да, апсолутно тврдам дека опремата е пресудна, и се слагам дека би требало да има повеќе визуелна разлика меѓу помалку и повеќе опремените модели. Со 6-ката тоа го постигнаа со R-Line пакетот, а сигурно ќе има нешто такво и за 7-цата понатаму.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #66 на: 17 Декември 2012, 23:52:31 pm »
Да ама тој пакет ќе кошта 2000 евра. Не мора да биде разликата во изгледот помеѓу нивоата на опременост толку драстична. Доволно би било кога хајлајн би има по некоја хром лајсна тук таму, убавите дрл би ксенон или како и да се викаат предни светла, паркинг сензори со камерче(не за џабе има онолкав телевизор на централна конзола), 17ки бандажи по избор кој што ќе се нудат само со хајлајн ниво на опрема, значи да не можеш да ги доплатиш у другите нивоа и моето омилено нешто сончев кров :D знам дека работиве што ги набројав се повеќе од 2000 евра, ама мислам дека токму хајлајн пакетот треба да ги нуди овие врвни да ги наречам задоволства. 2.0 тди хајлајн ниво на опрема со овие додатоци кои што ги набројав, за 20000 евра и те како би била одлична понуда. Врти сучи, кењале не кењале голфчето пак си е лидер, кога праат нешто швабине, праат или ич не ни почнуваат да го праат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #67 на: 18 Декември 2012, 09:00:24 am »
ДРЛ ксенонот мора да иде со Хајлајн. Без дискусија.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #68 на: 18 Декември 2012, 09:09:20 am »
Тоа тоа... А и ко за Хајлајн, мочани сензори не би биле на одмет... Мислам, 24000 евриќи каталошка цена... Еве без разлика, и за 20000 да ми ја даат у салон... Пак е срамота...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #69 на: 18 Декември 2012, 10:11:49 am »
Епа тие мочаните сензори во Голфче ке те чинат само 29.593 ден.Мислам ситница во однос на тоа што нудат,може и сами паркираат : ;D



Едит: Bi-Xenon 60.612 ден
        Bi-Xenon со LED 84.412 ден
     
   

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #70 на: 18 Декември 2012, 10:16:14 am »
Абе и зонско сами си плаќаат :D :D :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #71 на: 18 Декември 2012, 10:20:13 am »
А ја па глуп му се чудев на еден чоек кога ми рече дека голф 7 со сите тракатанци ќе го чинел 28000е.Што е најтрагично човекот веќе си го нарачал голфот и ќе даде ебани 28000е.Алоооооо,башка и млад човек е!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #72 на: 18 Декември 2012, 10:25:02 am »
Фанатик што може да си го дозволи фанатизмот.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #73 на: 18 Декември 2012, 10:29:04 am »
:) Голфот секогаш бил малку поскап од стандардните коли од неговиот сегмент, и малку поефтин од премиум возилата од неговиот сегмент. Незнам како не научивте до сега. :)


А конкретно овој голф е се на се поефтин 500-1000 евра од неговиот претходник. :) И полесен бајаги, и подобар бајаги.

Ксенонот одсекогаш чинел 1000-1500 евра, зависно од колата.

За поситната опрема секогаш имало и простор за договор кај импортерите.

Сега е правото време да се земе Голф 5 1.9 Тди Хајлајн/Спортлајн со ремап. :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 2.0 TDI Bluemotion Highline
« Одговори #74 на: 18 Декември 2012, 10:35:04 am »
Јебем ти фанатизам за Голф :)

Иначе се согласувам со вас во целост за ова опремава. А Голф ко Голф, добар си е, внатре прилично разлепшан.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.