Пакетите на опрема ги одредува импортерот, и имаат сериозни пропусти. Да, дефинитивно би требало да е поопремен, особено кога станува збор за додатоци кои не би ја смениле излезната цена премногу (блутут, сензори, дрн-дрн). Можам само да се надевам дека ќе подотворат очи и ќе ја наштелуваат малку опремата за да го оправда името Хајлајн.. Цената, како и на секоја нова кола, ќе се симне надоле и каталошки, и салонски со тек на време.
Да, апсолутно тврдам дека опремата е пресудна, и се слагам дека би требало да има повеќе визуелна разлика меѓу помалку и повеќе опремените модели. Со 6-ката тоа го постигнаа со R-Line пакетот, а сигурно ќе има нешто такво и за 7-цата понатаму.