Одма можам да си ја претставам свадбата во глава, пошто сум бил на неколку вмровски свадби до сега. Младите голи гомна, со платички по 12 000ки во некоја јавна администрација ама се знае на свадба 100 госта од партија, очеш вмро-омладина, вмро-штаб,колеги-вмро-од партија и се распар зашто ако дојдат у пар ќе треба 200 да дојдат. И како што тече свадбата после едно 11 саат почнуваат патриотски песни, се буди вмровското крило и до кај 1 саат имаш патриотизам пар екселанс. Гушкање, качување на столици, селфија за фејсбук, палење цигари. Мераци.