Во хотелска соба во Скопје, влегуваат 5 УДБА-ши и се раскомотуваат.
Почнуваат да пијат пиво, мезе, галамат, зборуваат за политика, за жени, јаделе гомна против Мијалков...
Едниот си ќутел, му било досадно,...па му се приспало и ги замолил да зачепат да може да поспие.
Овие го игнорирале и си продолжлиле по постаро.
Дечково се нервира излегува низ врата и вика „Ќе одам на цигара“.
Слегува на рецепција и му вика на рецепционерот, за 5 минути во соба 502 да донеси чај.
Се враќа УДБА-шов во соба, легнува на кревет и се наведнува на штекерот и вика
„НАЧАЛНИЧЕ, слушаш? Речи им да донесат еден чај во соба 502!“
За две минути ѕвони некој на врата. Отвара дечково и чајот топол на тацна.
Четворицата се смрзнале, се упрпале.... сите опашот меѓу нозе.... и в кревет!
Другиот ден станува овој удбашов. Гледа нема никој в соба.
Слегува на рецепција, рецепционерот блед крпа!
Кај се другите?! прашува удбашов.
- Н..не...нн...не...знам, дојдоа еддддни во комбе ги собраа и...АА СО МЕНЕ ШО ЌЕ БИДИ?! вика рецепционерот
Со тебе?! Абе со мене шо ќе биди кога ќе кажам дека ги нема колегите!? УПМ - се нервира удбашот
- Ааа, па за тебе Началникот рече дека јака била финтата со чајот! - рецепционерот
