Ме насмеа како тоа функционира здраството у нашава Македонија, повеќе е жално одошто смешно али ајде..

Значи студент сум и треба да идам на систематски преглед во студентска клиника при студентскиот дом Кузман, во центар се наоѓа. Ја најдов клиниката, влегувам внатре, на шалтер давам потребни документи (индекс и здраствена книшка) и вработената ми вика, оди втора врата лево на заболекар. Влегувам внатре, добар ден - добар ден за систематски преглед сум јас ми рекоа овде да дојдам, заболекарот како поднавреден дека сум му го прекинал раатот, стана и ми го зеде индексот и со 4 различни печати ми удри одпозади на индексот во белешки. Го прашав каде да одам на друго место, ми одговори дека сум слободен. Си го земав индексот и да ме нема од таму. И што систематски преглед ќе беше ова??
Ако ова е реалноста во нашево здраство тогаш стварно е за жалење работава
