Стојам на семафор за лево во Автокоманда на булеварот и си мислам, кај ќе оди шлеперов што стои неколку коли пред мене. Зелено, тргна колоната, типот ладнокрвно си го смота камионот полукружно и си продолжи кон центар. Се насмеав и велам сам на себе, па имаш подолу надвозник за истотот, ама џабе мајсторе, јас тука и одма сакам.