Малово нешто ни ме буди сабајлево расположено и си ја знае рутината: станува и седнува на нокшир да мочка. Станувам полека од кревет да и го дадам нокширот а она ми вика: тато види сама...
Ај да видам што ќе направи. Станува од кревет, си ги облекува топлинките сама, оди во ВЦ, го зема нокширот, го качува на кревет, ме гледа дека ја гледам и се смее, си ги соблекува гаќите и си седнува на нокшир, врши работа, ги облекува гаќите и пижамите, се симнува од кревет, оди во ВЦ, крева капакот од шољата, го истура нокширот, оди до умивалникот да го исплакне и ми вика: тато помооој, помоој (пошто мала е не може да го докачи умивалникот). Станувам јас, го плакнам, она ме гледа и ми се смее и ми вика: тато сакас кафе?
Ја паднав у несвест од смеење и и викам, ааааааа мала си ти за кафе да правиш, ела тато тебе ќе ти даде јогуртче а тато ќе пие кафе

Значи детево изгледа работиве ги учи на сон. Се прашувам утре што ќе биде следно. Ја да си напраам бекап на екстерниов диск, да не почне да ми покажува како реинсталира Windows a?