Зависи каде преминуваш.На тунелот имаш прво Француска контрола.Тие ако фатат прават само записник како за евиденција и немаш гајле одиш понатаму.Е сега кога ќе стигниш кај Ук контролата ако имаш тогаш си го јадел.
Јас конкретно знаев дека имам,Французите не работеа тогаш(кога ќе им се собереа премногу по прифатните центри,правеа застој на тунелот и на пристаниште па кога ќе се направат колони од камиони нинџите ги пуштаат да си влегуваат по камионите) ги пријавив кај Англичаните,ме истоварија,ги извадија,потпишував едно 200 страници кои ми ги оспечатија на чист макеедонски јазик и си продолжив понатаму.
Но тоа тогаш беше "вонредно стање".Во нормално време,го јадиш.
На пристаниште Кале-Довер,слична скоро иста ситуација.
Кај Холанѓаните сосема различно.
Ротердам - Ук(било која дестинација за Ук) ако имаш емигранти прво одиш 7 дена под сенка,па после се докажуваш од каде што како.Ако си вмешан,го јадиш не миен и тоа јако.
Edit: Ова пред Брегзит,правец С.Омер-Кале,20км колона,рачунај уште од 3 правци по толку колона камиони кои одат или на тунелот или на пристаниште.

