Возам по булеварот кај Рамстор. Кај Музејот на пешачки трга едно џукелче, па се повраќа назад, па се мисли да тргне. Го приметив и застанав. Џукчево лека полека, си поминува, подзастанува на секоја лента и гледа да не случајно го спрашти некој од соседна лента. Си помина безбедно на пешачки.
50 метри подоле, баш на средината кај Рамстор, дечко и девојка претрчуваат преку улица. Девојката нозе ќе искршеше со штиклите и ќе се препрчеше на сред булевар. На 20 метри од пешачки, на сред улица.