Гугл транслејт е...Зочо. 10 години е постар од мене, во исто маало растевме Карпош 4. Живееше во куќичките на Никола Парапунов во близина на семафорите со Партизанска. Ние си го викавме Бокле и многу се лутеше за тоа и не бркаше да не затепа, ама џабе, му бегавме. Од секогаш си бил легенда и си го реметеа од негова генерација. Растеше скромно, но го биваше за матни бизниси и некако направи некој просперитет во животот, ама се на ваков бисерен начин. Прво со продажба и недозволено производство на фалс алкохолни пијачки, па продажба на компјутери (Макс компјутери или Ел Макс не се сеќавам) и не знам со што друго. Во принцип нема лоша душа.