Автор Тема: Дизел изразено сецка на мала гас на ладно, а и на загреан мотор ...  (Прочитано 4475 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Верувам дека некому ќе му биде од корист темава:
Во гаража (подземна) АХ-от палеше од прва, се до пред неколку дена кога нагло залади. ОК, си викам, грејачите отишле иако се скоро заменети, али шта је ту је. 500 денари по грејач и 200 денари замена комплет во Цитроен Дац. Отидов сабајлето да им ја оставам колата, ама мајсторот забележа флека под колата ... установивме дека тече нафта од Бош пумпата... јебига. ОК, годините си го прават своето, треба да се предихтува и тоа кај кого ако не кај Стојче-стотче :) Они ја извадиле однеле кај него и монтирале назад. Грејачите се проверени - исправни се, а нафтата не се враќа во резервар или сл. Прво што приметив е дека на мала гас сецка, особено кога е ладна, ама и кога е топла. Се јавив и ми рекоа дека можда треба да се прештелува да не работи на ниска гас ... Пак палеше тешко на ладно (мада подобро од претходно) и чадеше син чад и смрдеше на нафта, незнам, уље ... Се тресеше колата, како да кашла-го загадив цело маало. У мајката, си викам, можда е од горивото, а точам исклучиво на Мак Оил демек као подобра...со адитиви :) Ај си викам, да стаам и од Мак Петрол нафта - исто, ај и адитив у горивото .. исто, ај и двотактол и што уште не - џабе. Морав да ја однесам пак кај Васко и ја оставив таму. Претпоставка моја е дека ребрастиот каиш не е наместен како што треба. АХ-от НИКАД не чадел или смрдел на гориво, или уље, а компресија има невидена (има само 80к поминато). Заменето е све по книга, па и порано ... Не троши антифриз ни уље НИ КАПКА ! Заменети се гумиците на вентили пред два-три месеци и вентилите се наштелувани... Се надевам дека ќе го средат како што треба, прошли пат го изнафалив и него ... некои малери ме бијат или уроци у задње време - страв ме фаќа више у пи.ку ма.ер  >:(   

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Djidji, некоја дизна да не забушава по малку? Прва асоцијација само, не мора да значи.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Можно е ... Незнам што да речам - утре ваљда ќе ја средат па ќе ми кажат. Како и да е, многу коинциденции ќе испаднат :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
можно е кајшот да не е убаво наместен

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
И ја мислам така!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Дизел изразено сецка на мала гас на ладно, а и на за
« Одговори #5 на: 12 Декември 2012, 18:53:39 pm »
Diznite da se izvadat iscistat so ultrazvuk i da se reguliraat. Pumpata ako protekla ne e strasno. Se menjaat dihtunzite. Moze i da prima vozduh od nekoe crevce !!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
и јас на пежото сумљав во пумпата,но испадна дека имало првљаштина во резерварот,му ѕвонам на мајсторот вика 7500 донеси,татко ми глава го стегна,идам кај мајсторот вика дај 500 денари и не се фаќај одма дека најскапото е расипано :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Можно е Бугар - само ме чуди плавиот дим, а го немаше претходно ... ?
Smichka, ја веќе платив 7800 денари  :(

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
...само ме чуди плавиот дим, а го немаше претходно ... ?

Тоа,тоа...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
плав дим значи дека моторот согорува уље,значи отидени карики,уљна пумпа или пак некој дихтунг
можеби и немало потреба од репарирање на пумпата...

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
@Smichka плав дим немора да значи карики туку и дизни,турбо,греачи,гумици на вентили,и т.н. така да без предвремени заклучоци!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
плав дим значи дека моторот согорува уље

или се што може да го предизвика ова

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Добро мајсторе-чим ти така викаш!

BTW: Си видел плаво-бел дим од дизел кој не мириса на уље,и е можно да е предизвикан од 1000 други работи,или збориш на памет?

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
плав дим значи дека моторот согорува уље,значи отидени карики,уљна пумпа или пак некој дихтунг
можеби и немало потреба од репарирање на пумпата...

Не ми е јасно како моторот одеднаш така продува на 80 000км после предихтување на бош пумпата и почна да фрла плав дим а пред тоа не го правеше тоа????? И како би можело од маслена пумпа да јавува плав дим просветлиме.


Настрана од ова, пумпата може е наместена точно на ребрасти мада таа на држачи се мрда за фино да се наштелува рано касно палење да не ти ја изместиле таму па не можат да ја погодат, кажи им со компаратор нека го проверат тајмингот на пумпата затоа што таа пумпа е стар тип не можеш да ја гледаш на дијагностика како е наместена дали е рано или касно, втора варијанта е да не ја подесиле кубикажата на бошот како што треба. Тие две работи играат голема улога за тоа како ќе работи и како ќе пали.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Цитат
Не ми е јасно како моторот одеднаш така продува на 80 000км после предихтување на бош пумпата и почна да фрла плав дим а пред тоа не го правеше тоа?? И како би можело од маслена пумпа да јавува плав дим просветлиме.



Цитат
Настрана од ова, пумпата може е наместена точно на ребрасти мада таа на држачи се мрда за фино да се наштелува рано касно палење да не ти ја изместиле таму па не можат да ја погодат, кажи им со компаратор нека го проверат тајмингот на пумпата затоа што таа пумпа е стар тип не можеш да ја гледаш на дијагностика како е наместена дали е рано или касно, втора варијанта е да не ја подесиле кубикажата на бошот како што треба. Тие две работи играат голема улога за тоа како ќе работи и како ќе пали.

Фала stig, конечно некој најлогичен и најстручен одговор!