Дојдов да напишам препорака каде да НЕ земате часови, да не згрешите како мене. Касно ми текна да прогуглам и да видам вака искуства, но еве може ќе помогнам некој друг да не се изгори како јас. Никако не ја препорачувам Ас-Коко автошколата. Толку арогантен однос, да не зборам за газдата, толку одвратно човече, само пари да зема, незаинтересирани, дремат по телефон и очекуваат се да знаеш и да се понашаш ко да возиш кола од раѓање. Сите нивни кандидати најслаби резултати покажуваат, намерно не ги учат доволно за што повеќе пари за додатни часови да им земаат. Се влечкав со нив пола година, подоцна се распрашав дека не сум бил единствен кој прошол толку лошо тука, познаници паѓаат и по 4ти пат на полигон, а истиве упорно и упорно им земаат пари за часови и за колата, наместо да го сфатат како неуспех, они се радуваат дека паѓаат нивни кандидати. Тек откако ја сменив автошколата положив одма од прва денеска градска и морам да признаам дека многу работи научив што никој ми ги немаше објаснето таму. Имаат и фини вработени инструктори, но на тој Ацо мафијашот ни денар не треба да му се даде.