некој повеќе информации колку кошта во АМСМ гледам имаат попуст некој празничен
Празничен попуст од 3.000 - 4.000ден
Уште едни новогодишни празници се на прагот, а тебе како и изминатите години, секој те вози како и каде сака. Време е да ги превземеш работите во свои раце!
Искористи го празничниот попуст на Авто Школа Мобилити од 3.000ден. за обука за „Б“ категорија, избери професионален инструктор, најсовремено и комплетно опремено возило од типот: Volkswagen Polo, Toyota Yaris, Mazda 2, Suzuki Alto, Hyundai i10…и пријави се.
Ако се пријавиш заедно со уште еден твој/а другар/другарка, тогаш за „тандем обука“ и двајцата добивате дополнителни 1.000ден. попуст или вкупен попуст од 4.000ден за обука за Б категорија.
Подобро од ова не може да биде!!!
Акцијата трае од 15.12.2014 до 15.1.2015 год.
Едит:
Еве што ми кажаа на телефон:
- Лекарско: 1.200 ден.
- Теорија часови и тест: 1.200 ден.
- Часови (36): 15.360 ден.
- Брза помош тест: 1.200 ден.
- Полигон и Градска: 5.500 ден.
Се вкупно (без преполагање на полигон или градска) = 24.460 ден. или у наши пари 400 еур.