http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=623639 Имаш голем избор на Алфа Ромео на пример.
Алфа 147 за 3500 евра, ... но нека биде спремен да даде уште 200 евра за регистрација и уште 250-300 евра за сервис со каиши затегачи ... и 70-100 евра за сервис со уље и сите филтри.
Тоа е во старт трошок, башка ако треба задни гуми да смени, пошто нема слика од нив, и не ми изгледаат баш најсолидно. За 215/45/17 најефтина гума летна е од 100 евра па нагоре. Треба да се провери состојба на дискови, плочки, сајли за рачна ... ламела, амортизери, подвозје. (ова важи за сите коли)
Друго што можев да приметам, на совозачката страна бојата на фиоката е во крем боја, а останатиот дел од ентериерот (кај вратите, и патосниците) е друга боја, што првпат гледам такво несовпаѓање. Друго е и тоа што црни се кожните седишта, а би требало да се крем. Или се обратно, т.е. само фиоката црна.
Јас сум реален за бројките, можам комотно да зборувам, бидејќи имам 147 ЈТД.
Ако дечкото има 3500 евра и ни евро повеќе, барајте му кола најмногу до 3000 евра.
Ај и тука...
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=481267
Пофални зборови слушнав за ова. Регистрирано е и направен сервис + нешто од предница знам дека менуваа. За 3500 се зема без проблем.
Како продавачот ќе докаже дека е направен сервисот, ако ја има сета документација, во ред. И од кај да знам со какви делови сменил.
+ истиот муабет од погоре.