Автор Тема: Совети при купување на олдтајмер!  (Прочитано 3831 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Совети при купување на олдтајмер!
« на: 17 Декември 2012, 10:52:36 am »
Гледајки ја темата за половни автомобили, добив инспирација за сите оние што сакаат олдтајмери па некој совет да споделам од долгогодишното искуство со тие убавици  ;D ;D ;D

Голем проблем во нашата држава, па и на Балканов е што секој што мисли дека има кола постара од 35 години заслужува епитет „олдтајмер“. За жал многу од нив, можеби едно 50% веќе не се достојни да се нарекуваат олдтајмери, туку суровина за правење огради.

При купување на олдтајмер прво треба да се направи едно мало истражување за историјата на возилото. Има сигурно многу ентузијасти за одредениот модел, па можете да разберете дали возилото било некогаш удирано, преправано, итн. Повеќето од овие автомобили се купувани тука, во Македонија, бидејќи на времето (до некаде 1980 година) 90% од автомобилите биле купувани тука, во поранешна Југославија и само 10% се увезувани најчесто од Германија, со не толку голема километража и амортизација како денес.

Доколку немате таква историја за возилото, не е страшно, па преминувате на разгледување на општата состојба на возилото.

Основно правило е прегледување на состојбата на лимаријата. Нема поскапа инвестиција од крпење или не дај Боже рекреирање на парчиња лим за колата. Не само што е скапо, туку и бара мнооогу добар мајстор што е вешт во такви потфати и има искуство со олдтајмери, а понекогаш (од искуство скоро секогаш) е важно и за конкретен модел на возило. Не може секој да реставрира Буба, Мерцедес, Форд итн. Секој модел си има свои специфики кој само искусен мајстор треба да ги знае.

Реставрацијата на каросерија е скапа работа, дури и ако почнете од 0. Пескарење, сечење на корозија, ставање нови или преправани парчиња, обавезно напоменување дека не сакате пункт заварување оти така најчесто заради време ги заваруваат парчињата, а не користат полн вар, после тоа начин на битуменирање - да не биде со четка туку со шприцање, ако не сакате битумен, треба да се пронајдат соодветни смоли итн итн. Почнувате да добивате слика, дека потребно е да имате човек со малку поголемо искуство кога се работи со лимаријата и начинот на кој сакате да го реставрирате возилото. Секој мајстор (чест на реееетки исклучоци) сака за многу пари, да ви заврши работа од Ш категорија на „реставрација“. Се додека не покажете дека имате познавање до тогаш ќе бараат начини да го искористат вашето не знаење против вас и ќе крпат и ќе ги земат парите. На крај кога некој ќе ви покажи како впрочем треба да изгледа, ќе сфатите дека салам ве обричил „мајсторот“. Варијанта бр.2 е да одите кај мајстор кој е специјализиран за олдтајмери, по препорака и тој да ви ги средува како што треба. Таквите се многу ретки (да се 15-тина во цела Македонија) но сепак повеќето ги знаат така што не е проблем и тоа.

Доколку одите на фул лимариска реставрација цената е од 500 до 2000 евра во зависност од етапите кои ќе ги вклучите и состојбата на возилото. Што поскапано возило купувате толку поскапо ќе биде, а и ако купите ѓубре...пак на крај завршувате со ѓубре! Китот не е лим :)

Втора работа е механиката. Во основа 90% од старите количиња што се тркалаат низ нашите градови имаат резервни делови, дали на старо или на ново. Што постар модел купувате толку повеќе ќе се помачите за делови. Има многу возила кои многу од деловите пасираат и од понови модели (Опел, Мерцедес, нешто од BMW) така што можете да комбинирате доколку сакате.

Деловите (на ново) најчесто се купуваат од Грција (поретко) или од Србија (да Србите растураат со нови делови за стари возила) и исто Бугарите (особено за руските возила од типот на Волга и Москвич, но имаат и за други марки).

Во Македонија за олдтајмери најсигурно варијанта ви е Мерцедес, VW, Fiat и Opel. Не случајно се возат такви модели како олдтајмери.

Цената на резервните делови се или колку за нов автомобил или 10% поскапи во зависност од делот се разбира и од марката.

Добар дел од механиката може да се репарира (особено подвозјето), додека ремонтите кои се и најскапата варијанта при реставрацијата бараат нови делови. Сепак секој мотор каков и да е, се средува за максимум 500 евра од моето искуство до сега.

Електриката е наједноставен проблем бидејќи може да се комбинира, да се преправа, а возилото да не изгуби од својата оригиналност а и секоја електрика повеќе од 50 до 100 евра нема да ве чини од едноставна причина што олдтајмерите работат на многу едноставен начин (Потрошувач, кабел, осигурач и автомаче). Единствен скап момент се фаровите и штоповите па ако имате редок модел на возило можеби ќе треба да се спружите солидна сума за нови делови или користени.

Во делот на каросеријата спаѓаат хромираните елементи кои се многу скапи и вториот момент се кедерите. Сеуште е тешко да се најдат нови кедери за стакла и потребно е прилично пребарување и истражување да дојдете до оригинални кедери за било кое возило. Ахилова пета е тој проблем за секој сопственик на олдтајмер. За жал речиси да нема возило кое нема оштетен кедер и не е за промена дури постојано да е чуван во гаража. Гумата не е издржлив материјал и не е ни обсмислен да трае повеќе од 15 години кај старите возила. На запад многу лесно се доаѓа до кедер со хромирани елементи кај нас малку потешко, така што потребни ви се предзнаења за тоа каде да ги набавите.

Кога сме веќе кај кедерите, авто стаклата се исто така проблем. За нив сепак имате добра и олеснителна околност што можете да ги осигурате и да ги порачате нови доколу попуштат или се оштетат. Можеби ќе почекате некое време но некако ќе дојдете до нив. Ова повелкува да имате возило за кое има резервни делови дали оригинални или некоја фабрика која ги произведува. Горенаведените марки тоа го дозволуваат и за нив има постојано нови резервни делови. А веќе кога менувате стакла, најчесто во пакет ви доаѓаат и нови кедери така што една грижа помалку.

Интериерот на возилото е најмалиот проблем за кој треба да се грижите. Каков и да е, лесно се преправа, реставрира, се наоѓаат позачувани варијанти, дури и ако сакате и потполно нов интериер. Од моето искуство потолно нов интериер за возило рачно изработен е од 150 до 200 евра.

И последен момент во целата приказна за олдтајмерите, но не најмалку важен со оглед на цената на чинење се гумите. Реетко, мнооогу ретко ќе најдете олдтајмер со добри гуми. Најчесто тие возила стоеле во гаражи, паркинзи или сл. и гумите со сигурност ви се за промена. Доколку имате среќа и имате олдтајмер што прифаќа различни димензии на гуми тогаш немате проблем. Олдтајмерите најчесто имаат димензии од 13 до 15 инчи и некаде 4-6 цола ширина што во превод значи можете да купите гуми на старо комплет за цена од 50 до 150 евра. Новите гуми ќе ве чинат и до 300 евра.

Потрошувачката на гориво да знаете кај секој олдтајмер е минимум 7 литра бензин (Fiat 500, Fiat 126p, Zastava 750/850) па до бесконечност (пример еден Fiat 132 2.0 знае и да излапа и до 30 литра плин на 100км или 20 литра бензин).

Нафташите се од 8 литра нагоре.

Зборувам за градска вожња, отворено цифрите се околу 8-10л за поголемите и 6-7 литра за помалите, значи горе долу како модерните автомобили и ви кажувам за пензионерско возење не за лудување :) што е грев тоа да го правите со олдтајмер и изгледа селјачки  ;D

Друга работа што сакам да ви кажам е секогаш ...секогаш ...секогаш држете се до оригиналноста на олдтајмерот, тоа вклучува од избор на боја на каросерија, бандаши, интериер ИЛИ доколку го custom-ирате правете го тоа во стилот на времето од кое што е. Нема ништо против олдскул кастомизација и навистина ќе изгледа добро вашето возило. Се е до филмот кој сакате да го „прикажите“.

Поздрав  ;D

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #1 на: 17 Декември 2012, 12:39:53 pm »
Да дополнам.
Никако ама НИКАКО не се препорачува пескарење на стара кола, лимот е стар 35/40 години и е порозен. Кога ќе го помине со песок/кварц ќе му .бе мајката. Кога купуваш олдтајмер мора да му ги знаеш сите мани т.е да знаеш каде најмногу страда и да гледаш да не биде такво. Пример на фичото ако му е скапана гредата кај што се врзуваат траверзните фрлиго ништо не го оправа. Кога се купува гледајте да биде комплетно. Лајсни, фарови, штопови, инструменти.........Тоа што ќе би фали треба од претходно да си го набавите па после да се почне со средување.
Што се однесува до кедерите има фабрика во Србија и Турција ги прават по нарачка
Ако немате добар мајстор не планирајте ништо.
Како што кажа Карпатиан средувањето на лимаријата одзема најмногу време и најмногу пари, добар мајстор под 1000 евра не ја чепка.
Следно ти е припремата за фарбање и самото фарбање. Самото спремање се движи од 400 евра па нагоре во зависност од колата. Мора да биде перфектно исработена како Јајце. Фарбањето ќе те кошта минимум 500 евра
Металик боја на олдтајмер не иде во никој случај, тоа веќе не е олдтајмер
Механиката воопшто не е проблем да се среди може да се репарира а има и заменски делови.
и за крај уствари треба на почеток убаво ќе си направите математика колку ќе ве кошта. Само за мајстори најмалце 2000 ќе ви одат, тука се деловите, потрошниот матерјал, колата.
А кај олдтајмерите потрошувачката се става во друг план воопшто не е битна, битен е меракот

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #2 на: 17 Декември 2012, 12:46:41 pm »
Gledanje, gledanje i mnogu gledanje. Za pocetok da se najdat sto povekje informacii za modelot od internet. Servisni knigi i detalno proucuvanje. I sekako sporedba so dadeniot primerok.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #3 на: 17 Декември 2012, 12:53:47 pm »
а при купување на веќе реставрирана кола обавезно барајте слики како е работа, може да изгледа бомбона а од внатре трулеж

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #4 на: 17 Декември 2012, 14:52:43 pm »
Najdobro e original ama saka mnogu mnogu baranje. A restavriranite navistina treba mnogu ama mnogu detalno da se pregledaat. Sliki se laziraat lesno (thx to photoshop sekako). Treba debelomer da se vidi bojata, ubavo e da se ima snake camera za inspekcija na vnatresnite pragovi, isto taka i eden portabl x-ray za ispituvanje na zavarkite (zasto skoro 90% od restavriranite koli ne se zavaruvani tockasto so punkt aparat tuku so busenje i posle so CO2 aparat.

Gledajte da e sto pooriginalna.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #5 на: 17 Декември 2012, 15:48:58 pm »
никој кај нас не вари со пункт апрат!!!!
све е ЦО2, ако на некој кај нас му отидеш со дебеломери, камери и иксреј не ти бега ќотек.
Така се прави на јавни наддавања кај што се продаваат коли од 10, 20 или 100 миљони евра.
А некој ако има време да преработуба 300 или 400 слики во фотошоп алал му вера

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #6 на: 17 Декември 2012, 15:55:57 pm »
Znam druze :) Idejata e sto NEMA da mu otides so debelomeri i druga oprema tuku ke mu reces da dojde kaj tvoj covek i tvojot covek ke ja pregleda so taa oprema :)

Inaku ne stanuva zbor da mu ides. Ima lugje sto vo photoshop za 1 vecer sreduvaat po 100 sliki :) Ima genii samo da gi znaes. (nA PRIMER NIGERIJCITE SE TAKVI)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #7 на: 17 Декември 2012, 16:00:24 pm »
збориме за тука кај нас МАКЕДОНИЈА, батали нигерии и африки и остали земји

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14050
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #8 на: 17 Декември 2012, 16:36:10 pm »
Дебеломери whatta? :D

Ај просвелтете ме :)

Иначе мене мнооооооогу ме нервираат со тоа пункт заврување... онака ги оставаат недовршени и ќе преминат со битумен да речеме...и готово...

Вака го оставаат и го премачкуваат


А сакам вака



Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совети при купување на олдтајмер!
« Одговори #9 на: 17 Декември 2012, 16:54:15 pm »
првото никако, на ништо не личи. И второто не е добро левата страна не е на спој, што значи ќе оди повеќе кит и постои опасност од пукање на китот после одредено време

Иначе 90% од мајсторите работата на првиот начин, го пецка на неколку места после тоа кит и вози мишко. И затоа траат по две или три години