Автор Тема: Проблем со осигурачите  (Прочитано 1703 пати)

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Проблем со осигурачите
« на: 03 Декември 2012, 10:13:16 am »
Имам проблем со осигурачите поточно најголем проблем е осигурачот за парното

на парното е 25А осигурач и кога и да ставам нов буквално ја топи неговата пластика а парното си продолжува да работи
знае некој што може да е проблем некој спој? слаб осигурач?

исто ако знае некој да ми каже која ампеража треба да бидат осигурачите за светлата? сега беа 25А и 7,5А по која логика не знам треба да се праша претходниот газда на колата, исто и тие беа стопени јас ги сменив со иста јачина, а утрово едното светло тоа со 7.5 не ми работеше па незнам дали е сијалицата или осигурачот мислам дека е осигурачот зошто кога ставив 25А и на него работеше како што треба

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #1 на: 03 Декември 2012, 10:21:26 am »
Имаш малку инфо дадено. ЗА кое возило станува збор?
Обично и на Југо на капакот ги пишува вредностите на осигурачите.
Консултирај се со автоелектричар, додека не си се вивнал со све ауто, пу пу скраја да е....
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #2 на: 03 Декември 2012, 10:22:46 am »
opel kadett d osiguracot za parno se topi koga raboti parnoto inaku ne

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #3 на: 03 Декември 2012, 10:31:43 am »
Дига температура осигурачот, и најверојатно е слаб. Вака од тепка...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #4 на: 03 Декември 2012, 10:32:37 am »
Штом нешто влече многу струја, на места каде што има лош контакт, значи голем отпор, се ствара греење. Или не ти се ОК лежиштата, или пак конекциите лежиште - кабел се некаде лоши. Прво тоа треба да се провери. Следно е моторот, затоа што може да има нешто што му ствара отпор и цело време е под оптеретување. Па влече многу струја...
ЗАатоа ти викам треба да се провери до детал се.

Дига температура осигурачот, и најверојатно е слаб. Вака од тепка...

Ако осигурачот е слаб, ке изгори. Ако има лош контакт, голем отпор како што реков ке се ствара пад на напон и контактите се почнат да греат заради многу малата површина на допир, може да се јави и искрење, кое може да доведе до палење на инсталацијата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #5 на: 03 Декември 2012, 10:33:03 am »
Ако се топи пластиката од осигурачот, а не прегорува самиот осигурач, веројатно се работи за лош контакт, па се ствара голема температура на контактите, и се топи пластиката. Види со шмиргличка зашмирглај ги контактите, контакт спреј, убаво чистење итн. Направи се` што треба да се обезбеди добар контакт. Види пробај најди и некои поквалитетни осигурачи, а не од кинеско/турските. Секако, консутлација со автоелектричар може уште повеќе да помогне.  :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #6 на: 03 Декември 2012, 10:52:54 am »
Еве ја таблицата за осиграчите на Opel Kadett D можеби и на друг некој ќе му се најде http://sowirdsgemacht.com/band22/Opel-Kadett-Opel-Kadett.html#!166

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #7 на: 03 Декември 2012, 13:18:37 pm »
што и да правиш купи си оргинал осигурачи,има по бензискиве wurth
секако не се 10 денари,ама затоа вршат работа,подалеку од тоа кинеското срање

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #8 на: 03 Декември 2012, 13:44:47 pm »
Мислиш дека вуртот не е кинески :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #9 на: 03 Декември 2012, 14:35:50 pm »
далеку подобро од кинескине

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #10 на: 03 Декември 2012, 14:45:59 pm »
na bilo koja benzinska gi ima? koja e cenata i dali se celo pakuvanje ili na parce?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблем со осигурачите
« Одговори #11 на: 03 Декември 2012, 14:50:41 pm »
во макпетрол во козле има 100% и се во паковање ама може да има и на парче,би требало да има и во другиве бензиски