Здраво,
неодамна купив Ford Focus 1.6 TDCI 110ks, 2005 година, со поминати скоро 96 000km (реална километража, наводно).
Ми се случива следниот проблем :
При возење на колата на поголеми брзини, >120km/h светнува црвената ламбичка и покажува System Engine Fault.
Ако запрам, ја изгасам колата и повторно ја стартувам, грешката ја снемува.
Ја проверија на компјутер, не појави ништо, ми рекоа дека била моментална грешка (можно било лошо гориво, или фалш воздух во турбината.... не се разбирам многу за да знам дали е точно ова или не).
Досега ова ми се случи 3-4 пати, ама интересно беше што последниот пат кога светна, колата изгуби наеднаш сила, т.е. откако пребарав, преминала во safe mode каде не дозволува забрзување.
Дали некој од вас имал вакво слично искуство?