Фала на сите, да си купите тоа што сакате и да го споделите тука со нас
Пред куќа ќе седи и ова? Ништо чудно и некоја свршка да видиш на него од многу манијачење
Прекрасно е!
Да да ќе стои освен брат ми ако не го вози преку ден. Сеа му е ептен мерак па јас едвај доаѓам до колата. Али ако, нек се радује
So zdravje da se vozi Banza.
Cekase i doceka.
Ja prodade Hondata ili?
Zasto Hondata ti pravi poveke merak objasni te molam....podhitnom..LOL
Не сум ја продал уште, има двајца посериозно заинтересирани, еден вчера ја гледаше, другиот викендот. Ќе видиме дали ќе се погодиме за цената
Иначе повеќе мерак прави дека:
- има помалце изолација па многу е погласно се,
- дека се врти до 9000 и има ебен звук (интересно е и шуштењево и брундањево и пукање на миниво, ама повеќе филм ми прават високи обртаи),
- дека има многу подобри седишта, на миниво се поудобни ама помалце држат,
- дека многу повеќе имаш информации од патот и подлогата, иако Минито во споредба со другите нови коли е при врвот,
- дека кај Интеграта се осеќа брзината многу повеќе, на Миниво се е по смирено.
Е сеа дел од овие погоре набројаниве почнаа веќе да ме нервираат ако ја возам секој ден, па идев на нешто доста поново а сепак со задоволителни перформанси, изглед и држење.
Немам услови да ја задржам Интеграта да ми биде викенд ауто, па барав компромис. Немам ниту доволно паркинг, ниту вишак средства за регистрација и одржување на Интеграта, а ниту толку многу време за квалитетно да уживам во неа...
Иначе Миниво е една од ретките нови коли кои ми прави мерак како комплетен пакет во тој ценовен ранг.