Mini Cooper S 2008ма година, купен пред еден ден со 26.000км, неувезуван и редовно сервисиран во Маккар.
Направен му е последен сервис пред 3000км, а вчера направена е и целосна проверка и замена на некои течности кои требаше да се сменат.
Минито го купив од страшен мераклија и педантерија, го продаваше дека се сели во странство (дечкото не е македонец). Утре одам да си ги земам фабричките делови кои му останале вишак
Еве една никаква слика од денес и две од огласот.
Иначе од модификации Миниво до сега има:
Alta downpipe,
Alta catback exhaust,
Piggy back,
KN filter,
Alta Hot Side Boost Tube,
Alta Hi-Flow Air Charge Pipe,
Alta Turbo Inlet Hard Pipe
Vmaxx coilovers,
Alta short antenna,
Black out на скоро сите хромирани надворешни делови,
Офарбани црни бандажите со некоја БМВ боја,
Свеќици од JCW
и тоа е тоа мислам.
Немам појма колку коња е со се ова, али количето солидно брзо се движи. Матеј го возеше па нека каже он импресии
За планови во иднина неам појма, интеркулер друг можеби, можда уште малце околу подвозјето ќе поработиме и шминка уште малце. И секако утре идам во Маккар да прашам за гумени патосници за зимава
Во секој случај до пролет не верувам дека ќе има некои посериозни промени, и вака е повеќе од одлично.