Автор Тема: Средство против замаглување на стакла  (Прочитано 32601 пати)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Средство против замаглување на стакла
« на: 29 Ноември 2012, 18:49:06 pm »
Дечки дај да споделиме некое мислење на оваа тема. Денес се изнервирав се набутавме 5 души кај мене во кола, врнеже дожд, стаклата магла :D Климатроникот неможеше да постигне да издува стаклата. Слушнав за некој DIY со лимун ама некако не ми е верно, некое квалитетно средство испробано кај нас на пазарот?
« Последно менување: 29 Ноември 2012, 19:06:10 pm Vladeee »
>>>>><<<<<

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3046
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #1 на: 29 Ноември 2012, 18:54:16 pm »
Пробај да ги избришеш со 96% алкохол.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55136
  • Махер
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #2 на: 29 Ноември 2012, 18:59:22 pm »
По која логика е бришењето со алкохол?

И јас сакам вакво средство ако има.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #3 на: 29 Ноември 2012, 19:05:46 pm »
Има во продавнициве и бензискиве SONAX и остали некаде околу 300 миљарде, ама дали се ефикасни ?
>>>>><<<<<

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
  • French diamond
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #4 на: 29 Ноември 2012, 19:22:09 pm »
Јас имам пробано 2 средства за та намена, едното ич не го бива, а другото то од Сонакс брка работа некој ден, ама ги остава стаклата измачкани, ако ги пребришиш скрос исто ко да не си нанесол. Го имам појќе од пола е полно, ако го сака некој.


Е сега кај мене спас беше алкохолот и палома, благодарение на Џиџи. Колку шо знам јас алкохолот ги одмрснува стаклата,кои посебно се мрсат ако се пуши внатре, а чисти стакла не маглат, како замастените.  На секои 2 недели ги чистам со алкохол и немам мака од маглење појќе.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #5 на: 29 Ноември 2012, 19:24:42 pm »
Треба да се проба со алкохол, мада јас секое второ перење ги чистам со средство за стакло- ваљда и тоа ги одмрснуе стаклата.
>>>>><<<<<

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
  • French diamond
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #6 на: 29 Ноември 2012, 19:31:12 pm »
Пробај да видиш како излегва црнило  :D

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #7 на: 29 Ноември 2012, 19:46:24 pm »
Пробај да видиш како излегва црнило  :D
Ако мислиш никотин од цигари, нема шанси кај мене во кола да се пуши, само ако не и смета воланот во тој случај дозволувам :)
>>>>><<<<<

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #8 на: 29 Ноември 2012, 20:47:27 pm »
Начелно средството против замаглување стакла се вика нов полен филтер. И без клима немам проблеми на двете коли, сеедно колкумина се возеле. Го менувам често, понекогаш и на помалку од година дена. Кога си го сменил?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14917
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #9 на: 29 Ноември 2012, 20:49:16 pm »
Начелно средството против замаглување стакла се вика нов полен филтер. И без клима немам проблеми на двете коли, сеедно колкумина се возеле. Го менувам често, понекогаш и на помалку од година дена. Кога си го сменил?

Јас го сменав пред 2 месеци и еве пак магли...

Во кола не се пуши...

Останува да пробам со алкохол...

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #10 на: 29 Ноември 2012, 21:02:32 pm »
Начелно средството против замаглување стакла се вика нов полен филтер. И без клима немам проблеми на двете коли, сеедно колкумина се возеле. Го менувам често, понекогаш и на помалку од година дена. Кога си го сменил?
Изгледа не ди дихтува колата како што треба па заради тоа не се замаглува :) Савим нормална работа е поради влажноста во воздух и топлината на човекјото тело да се замагли стаклото. Полен филтерот го сменив пред 8-9000км, карбонски.
>>>>><<<<<

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #11 на: 29 Ноември 2012, 21:03:42 pm »
Не гледам поврзаност на никотинот со маглењето. Порано чадев во фордчето, сега престанав комплетно. Сеедно, заштитните маски во војска за антимаглење ако добро се сеќавам ги мачкавме со малку сапуница и тоа пристојно функционираше.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
  • French diamond
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #12 на: 29 Ноември 2012, 21:08:33 pm »
И јас го сменив поленот, не беше до него. Само пак ќе ви речам, пробајте со алкохол ништо не ве кошта и пишете, баш сакам да видам дали ќе поможи и кај вас.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44483
  • Il Moderatore
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #13 на: 29 Ноември 2012, 21:34:25 pm »
Не гледам поврзаност на никотинот со маглењето. Порано чадев во фордчето, сега престанав комплетно. Сеедно, заштитните маски во војска за антимаглење ако добро се сеќавам ги мачкавме со малку сапуница и тоа пристојно функционираше.

Тоа е тоа! Ја како АБХО-вец, може да потврдам дека насапуњано марамче може да спаси работа. Сепак, мислам дека климатизерот во кола би морал да се справи со замаглувањето...кај мене секогаш се справувал.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Средство против замаглување на стакла
« Одговори #14 на: 29 Ноември 2012, 21:43:03 pm »
Правиме муабет во екстремни случаи, коа после фудбал ке се накрцаат 5 души во кола и нема спас. Инаку коа сум сам, нема проблеми со замаглувањето.
>>>>><<<<<