Автор Тема: Лоповлук низ Скопје..  (Прочитано 184096 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1215 на: 27 Април 2018, 11:52:56 am »
Како би го откриле кодот од имобилајзерот? Отклучувањето мислам дека е само преку фрекфенција. Кодот од клучот за палење е друго. Или?

Не треба да ти го откријат кодот. Доаѓа со „појачало“ и го буст-нува сигналот од клучот. Колата мисли дека клучот е тука некаде, и дозволува да запалиш и да тргнеш.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1216 на: 27 Април 2018, 12:01:06 pm »
Не можи така.
Кога ќе заминиш подалеку од каде што е клучот, би требало да се изгасни колата.

Така да не ми се верува дека работат со буст и појачало.
Некако клонираат, копираат сигнали.
Како онај во веро што копира од оние чиповите за врати отворање.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1217 на: 27 Април 2018, 12:04:57 pm »
Тоа за килес ок, но Карпатиан вика дека со отклучување на колата со далечинското, арамите можат да го откријат кодот (барем јас така разбрав).

Осумка, ако колата е запалена со килесот нема да се изгасни доколку се оддалечиш од клучот. Јас цел град го имам возено без клуч, но не ја изгаснав никаде оти ќе требаше пешки да продолжам :) Вака е на кола од 2006та година, на понова не знам дали исто функционира.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1218 на: 27 Април 2018, 12:09:16 pm »
Смешки е тоа.

;D

Гарант некој пионери на килес се тоа.

Претпоставувам французи.
Погодив?

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1219 на: 27 Април 2018, 12:11:30 pm »
Лани летото во Грчка оперирале некои балканци и имале опрема што го блокира сигналот и не се заклучуваат вратите и ако не приметиш и остане одклучено, дур си на плажа отиде нешто вредно што си оставил внатре.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1220 на: 27 Април 2018, 12:13:16 pm »
Смешки е тоа.

;D

Гарант некој пионери на килес се тоа.

Претпоставувам французи.
Погодив?

Не погоди, германци, ауди.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1221 на: 27 Април 2018, 12:22:32 pm »
Не можи така.
Кога ќе заминиш подалеку од каде што е клучот, би требало да се изгасни колата.

Така да не ми се верува дека работат со буст и појачало.
Некако клонираат, копираат сигнали.
Како онај во веро што копира од оние чиповите за врати отворање.

Не смее да се изгаси колата. Safety ризик е. И ние сме го пробувале ова. Колата ќе почне да пишти, да вришти, да се буни, ама нема да застане и да угаси сè додека не ја угасиш ти.

Може ли да се случи во возење на автопат да ти се испразни батеријата на клучот, колата да изгуби контакт и да се угаси сама од себе на 150 на саат?

Затоа не се гаси колата, и не смее да се гаси.

Стварно е бустeр, или рејнџ екстендер, или како сакаш наречи го. Стварно е толку едноставно.


Не погоди, германци, ауди.

Ние сме пробувале и со Германци, и со Јапанци, и со Французи...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1222 на: 27 Април 2018, 12:53:09 pm »
Кај нов Јапанац исто така не се гаси кога се вози без клуч, проверено :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1223 на: 27 Април 2018, 12:55:02 pm »
И кај Меган втора генерација од пред 13 години исто така :) (напредни франзуциве). Еднаш така како ќе се заебев. Картицата кај жена ми она искача од кола ја си возам си возам и среќа на ја изгасив мислам на дисплејот пишуваше  card not detected ама не се изгаси колата.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1224 на: 27 Април 2018, 13:07:04 pm »
Има педерки кои се со големи заштити против кражби. Пример да не можат да ја пресечат со жилет за да ти украдат кесе, некоја мрежа има. Исто така има заштита за кредитни картички, да не може да ти украде податоци од неа или пак да ја искористи преку пејпас.

Доколку го носиш клучот во преградата за картичките, нема да може да го екстендираат сигналот?

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1225 на: 27 Април 2018, 14:58:07 pm »
ќе речев клуч си е клуч, но ми текна дека на вујко ми у кисела вода два пати му го отвараат пунтото, со бормашинче дупче до бравата, првиот пат остана без радио, вториот пат да не ги видел за малце и без кола.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1226 на: 27 Април 2018, 15:11:00 pm »
Ако се решиле да ти ја украдат, ни Урко во кола да ти седи не те спасува. Работата е колку толку да им ја усложниме работата.

А за ова килес сега за сега заштитата е клучот да се чува во футроличе кое блокира сигнал, или некои клучеви имале опција да се изгасат, на пример навечер да си го гасиш да не ти го собере некој.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1227 на: 27 Април 2018, 15:29:04 pm »
Добро бе бичка му патерина, толку ли е голем ќеифот да е килес возилото, па дури и по цена да ти го украдат.

Едноставно е, не зимај кола со килес опција.

Факт ит, не е баш нај надежна технологија и тоа е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1228 на: 27 Април 2018, 15:35:05 pm »
Мојот форд има полу key-less. Мораш да го отклучиш заклучиш од дугмињата, а после пали на копче.  ;D ;D

#недоквакан.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1229 на: 27 Април 2018, 15:42:13 pm »
Како би го откриле кодот од имобилајзерот? Отклучувањето мислам дека е само преку фрекфенција. Кодот од клучот за палење е друго. Или?