http://kajgana.com/video-go-unishti-sopstveniot-bmw-m6-vo-frankfurtГо уништи сопственото BMW M6 во ФранкфуртЗа да ја покаже фрустрацијата за постојаните проблеми што ги имал со автомобилот BMW M6, Пурмосени Хади го уништи своето возило пред насобраните посетители на годинешниот саем за автомобили во Франкфурт.
Тој тврди дека автомобилот што го купил во 2008 година за 120.000 евра, имал константни проблеми, како чудни звуци, вибрирање, менување на брзините и тропање, пренесува Metro.
Хади, кој живее во Италија, а по потекло е од Иран, изјави дека неколку пати се обидел да ги поправи пречките, но сите обиди биле безуспешни. На крајот го тужел произведувачот, и иако се открило дека автомобилот навистина е неисправен, од BMW не му ја признале гаранцијата.
Наместо десет години да се влече по судови, овој човек решил да се одмазди правејќи им антиреклама, покажувајќи јавно што мисли за нив.
„Претставниците од италијанското и германското BMW постојано ја префрлаа топката од едни на други. Им пишав, не ми одговорија. Сега, јас им одговарам со оваа акција“, изјави Хади, додавајќи дека сега се чувствува подобро.