Ајде едно „интересно“ прашање... (Шкода Фелициа 1.3 плин)
Подолго време мачам мака со свеќиците. Кога ја купив имаше BRISK (препорака од фабрика се)...добро тргаше, но знаеше да замасти и ауспухот цело време беше влажен.
Потоа зедов BERU... ауспухот остана влажен а моторот работеше уште потешко, повеќе трошеше, ги мастеше на секои 200 км
Имав и 1-2 ставено од DENSO ама резултатот беше скоро ист.
Купив CHAMPION ,не се сеќавам на моделот, во макпетрол бензинските ги има.. на ветар ги зедов за до дома... До сега беше сето ОК со нив... сув ауспух, одлична потрошувачка, кафено сиви електроди. Со нив поминав едно 4000 км и еве почнаа да фрлаат искра накриво, да преметнуваат, почнаа често да мастат, ауспухот е влажен....
Веќе не знам што да правам... не сум баш при пари за да си екпериментирам со различни марки...
Ако некој има некаква препорака или искуство нека кажува...