Незнам како поминал денешниот протест но вчера на бизнис состанок со луѓе блиски, подобро речено индирекнто инволвирани, со Авто федерацијата сватив дека фали тотален ремонт на истата. Дознав дека се функицонира по системот импровизација, ако проџе проџе, да му умре козата на комшијата, не задоволување на стандардите на Фиа, ситно душни интереси, не поседување на инструменти за мерење време (доказ кружната во Радовиш каде е извадена просечна брзина од 100 и кусур км/ч) и уште многу други работи. Ко што разбрав за да се мрдне од мртва точка Вуле и Ранко и луѓето околу нив мора да си одат од спортот. Превари, интриги и триста други глупости. Исто така разбрав дека во блиска иднина нема шанси да се изгради кружна стаза во Скопје што искрено доста ме разочара. Последниот драг одржан кај Алексадар Палас не ги исполнувал минималните безбедносни услови и дека целиот настан бил импровизација, доказ настанот немаше завршница, поради неорганизираност на организаторот му било наредно да го прекине настанот. Исто слушнав и доста критики за возачите но и возачи кој треба да служат како пример, конкретно беше спомната некоја Астра која пред секоја сезона била носена во Италија на средување и каде истото сопственикот го чинело над 20 000 евра годишно, тука не се вкалкулирани дефектите и слично.