Update is here.
Предните ми ги донесоа дома и одма беа намонтирани и истестирани со 200 километри вожња.
Не се многу тврди, колата е постабилна има убава вожна а кога ќе бидат сменети и задните ќе биде уште постабилна.
Старите ми биле гасни кој најверојатно се и фабричките.
Едниот беше целосно истечен и затоа ми тропаше, сега предницата е коска нема никакво тропање.
Вчера бев на планина имаше 40 сантима снег а јас со летни гуми си пичам.
Еве како е висината сега напред, едвај чекам да ми ги донесат и задните за да видам како ќе биде комплетно.
Ама мислам дека назад ќе биде малку пониска од напред што нема баш да ми се допаѓа, затоа што сега е кажи речи рамна и кога ќе се спушти и назад 35мм ќе биде пониска од напред... тоа ми е претпоставка сега па ќе видиме како ќе биде кога ќе се монтираат. ќе има слики пак
Сега следен апдејт следува поголеми бандажи, со овие многу е празно крилото и не ми се допаѓа. Па ако има некој заинтересиран за ганц нови 14ки бандажи и гуми може да се договориме.
А денес бев кај четворица мајстори и никој ништо не ми направи на колата сите различно кажуваат.
Колата почна многу да ми трокира и на бензин и на плин.
Минатата недела бев кај мајсторот кој ми го монтираше плинот и не ми ја оправи туку уште полошо ми ја направи, се изнервирав до даска и си отидов(повеќе не ме гледа кај него), денес бев кај друг плинар кој ми вели дека не било до плинот туку до колата и ме прати на дијагностика.
Потоа бев кај мојот мајстор кој што ми ја одржува колата и тој ми вика дека е до плинот, но не беше слободен детално да ја прегледа и ми кажа за друг ден.
Кај еден друг закажав дијагностика за во среда па ќе видиме што ќе биде.
Најверојатно има проблем со струјата, бонбина или кабли, било каков совет е добредојден за решавање на проблемов.