Јас последно кога истражував и разгледував шо тенеќе да си купам, во потесен круг останаа Seiko, Citizen и Tissot. Tissot со фенси механизам Swissmatic од Swatch (со едно штрафче, нема маш шо ќе го попрај, дирекно се заменува ако се расипи), отпадна нормално, а со Powermatic 80 ми беа над лимит (пристоен механизам).
Citizen ми се бендиса еден титаниумски EcoDrive, тој бренд се истакнува со тие, соларните играчки што траат. Мајка ми има еден од пред 20+ години, сеуште си функционира. Се полни на било каква светлина. Ептен ме бендиса титаниумскиот, арно ама сакав автоматик и на крајот си купив Seiko Samurai со Hardlex стакло. Ептен кул ми излгледа.
Не ми се доплаќаше уште 10 000 за Samurai со сафирно стакло со лупа (тогаш толку беше разликата, сега можеби е помалку).
Има многу интересни Seiko автоматици, добар избор има во Хронометар, а почнаа и My Time да ги продаваат.
Се имам изнаносено Casio со Hardlex стакла, никогаш ниедно не ми се скршило (внимателен сум претежно, не сум батал), најомилениот, дејли драјвер го кантам ваљда 9 години, пред некој месец заради невнимание му направив неколку видливи гребаници, ама не се скрше стаклото.